Кафе муабет

Победничката на „Никогаш не е доцна“ по трет пат се бори со рaк на дојка: “Одам на хемотерапија, ми падна косата”!

Не се откажува од музиката и кога и е најтешко...

Бојана Барјактаревиќ јавноста ја запозна во талент шоу програмата „Никогаш не е доцна“ каде ја однесе и победата.

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

Сега пејачката соопшти тажни вести за нејзините обожаватели. Имено таа по трет пат се соочува со најзлобниот противник во животот.

Откако двапати успеа да излезе како победник во битката со ра/кот, сега објави дека повторно се бори со оваа болест.

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

Таа неодамна помина низ процес на хемотерапија, кој беше исклучително исцрпувачки и тежок, исто како и претходните пати, а сега е пред продолжување на лекувањето. Во оваа прилика се огласи и самата Бојана.

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

– Вистина е, трет пат имам р.ак на дојка. Имав мастектомија (операција за отстранување на дојката, која понекогаш вклучува и отстранување на други ткива лоцирани во близина на дојката, како што се лимфните јазли), завршив со хемотерапија и сега пијам лекови. Имам циклуси на зрачење, така што сè е исто како минатиот пат. Се разбира, нема предавање, се борам и продолжувам понатаму! Се надевам дека овој пат ќе успеам трајно да ја победам болеста и дека мастектомијата ќе даде резултати – изјави храбрата Бојана.

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

Таа посочи дека ниту во моментите кога и било најтешко не се откажала од музиката и пеењето.

 

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

– Тоа се подразбира и тоа е она што го сакав. Примам хемотерапија, па одам да пеам, така беше минатиот пат. И сега косата ми падна по седум дена. Затоа избегнував да се појавувам во јавноста додека не заврши се. Но, работам на нови песни, па потоа ќе се дружиме, ќе се видиме, ќе разговараме за убави теми – додаде Барјактаревиќ.

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

– Со музика се занимавам 29 години, не сум ја запоставила. Ја занемарив медиумската експонираност и изгледот. Се пензионирав за да закрепнам и 17 години останав надвор од естрадата – изјави пејачката.

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

Пејачката на сцената на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ за прв пат проговори за борбата со туморот на левата града, кој подоцна метастазирал.

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

– Ми извадија 24 жлезди. Направив 16 хемотераписки третмани, а по првиот ми падна косата. Доброто е што сега имам нова коса, 40% повеќе од порано. Најважно е да се биде упорен и позитивен, нема нервен слом, тоа е најголемиот непријател – истакна во една прилика Бојана Барјактаревиќ.

фото инстаграм/Бојана Барјактаревиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close