Кафе муабет
Анастасија не сака да и ги види очите на свекрвата, но не е единствена: И оваа пејачка ја снајде истата судбина, ги обвини родителите на сопругот за развод
Северина и Оља жестоко се скараа...
Веќе неколку дена во медиумите се шушка дека Анастасија Ражнатовиќ не е омилената снаа на семејството Гудељ.
Всушност, со неа војуваат мајката и сестрата на нејзиното момче Немања Гудељ. Иако кога ја започна врската со српскиот фудбалски репрезентативец имаше одлични односи со Оливера и Вања, сега ситуацијата е сосема поинаква.
Двете не сакаат да ја видат својата снаа, па и за време на Светското првенство во Катар ја избегнуваа секоја средба со неа.
Како што сега објави српски Курир, пејачката сакала да се помири и покажала добра волја, но мајката на Немања не сакала ни да слушне за тоа.
Се уште владее тензија меѓу нив и прашање е дали ќе успеат да ги закопаат секирите.
– На Немања не му е лесно. Растргнат е на две страни. Од една страна го сака семејството, а од друга девојката. Никој не сакаше да се случи овој конфликт, но еве. Анастасија навистина покажала интерес да го реши проблемот и да врати се како што беше на почетокот, но семејството на Гудељ, поточно мајката , не покажа добра волја. Ќе видиме што ќе биде во иднина, двајцата сега се во Шпанија, функционираат одлично и се обидуваат да се фокусираат на нивниот однос и обврските што ги има кон спортот – рече неодамна извор за српски Курир.
Изворите тврдат дека до кавгата дошло затоа што Оливера сакала премногу да се меша во животот на нејзиниот син, а нејзината ќерка ја поддржувала во тоа, додека другиот син Драги останал неутрален.
Анастасија не дозволувала никој да им се меша во плановите, што ги изнервирало Оливера и Вања бидејќи токму тие одлучувале каде семејството Гудељ ќе го поминува слободното време.
Но, младата Ражнатовиќ не е единствената која се нашла во ваква ситуација. Популарната пејачка Северина Вучковиќ кон крајот на бракот со Игор Којиќ имаше лоши односи со сега веќе поранешната свекрва.
На почетокот и таа беше одлично прифатена од семејството на нејзиниот тогашен сопруг Игор Којиќ, Кеба со цела уста ја фалеше во јавноста, со задоволство позираше со Оља и се сликаше за Инстаграм, но потоа за време на короната пукна тиквата. Нивната врска отиде дотаму што Севе реши да се разведе.
Како што рекоа тогаш извори блиски до парот, по една од кавгите за пари, таа ги собрала своите работи од куќата на Кеба и засекогаш заминала од кај нив. И тоа беше за време на полициски час, па дури беше и приведена.
Таа по извесно време се огласи на Инстаграм и за неуспехот на бракот со Игор ги обвини свекрвата и свекорот. Игор објави фотомонтажа на која тој и Северина се во српска носија, додека зад нив во грмушките стои бизнисменот Милан Поповиќ, поранешниот на пејачката со кој го има синот Александар, а под која напиша:
– Генералниот спонзор на нашиот брак од сигурни шумски извори. Доста ако ви е мил Бог – напиша Игор, а Севе тогаш одговори:
– Покровители се Оља и Драган. Те молам поштеди ме од ова.
Тогаш на сите им беше јасно дека пејачката е во војна со родителите на нејзиниот сопруг и дека тие ги смета за виновни што нејзиниот брак не можеше да опстане.
Набргу потоа, како што се шпекулираше беше откриено дека Севе всушност се скарала со свекрвата бидејќи наводно Оља слушнала дека пејачката го изневерува Игор со момче од Црна Гора.