Кафе муабет
Идната свекрва на Анастасија не сака да слушне за неа: Пејачката сакала да се смират, мајката на Гудељ ја шокираше јавноста со овој потег!
Тензиите растат...
Веќе извесно време главна тема во медиумите е расправијата помеѓу Анастасија Ражнатовиќ од една страна и мајката и сестрата на нејзиното момче од друга страна.
Имено наследниќката на Цеца Ражнатовиќ не е во добри односи со семејството на нејзиното момче Немања Гудељ, а тензијата со неговата мајка Оливера и неговата сестра Вања, се уште не стивнува. Покрај тоа, се појавуваат нови детали.
Како што сега објави српски Курир, пејачката сакала да се помири и покажала добра волја, но мајката на Немања не сакала ни да слушне за тоа.
Се уште владее тензија меѓу нив и прашање е дали ќе успеат да ги закопаат секирите.
– На Немања не му е лесно. Растргнат е на две страни. Од една страна го сака семејството, а од друга девојката. Никој не сакаше да се случи овој конфликт, но еве. Анастасија навистина покажала интерес да го реши проблемот и да врати се како што беше на почетокот, но семејството на Гудељ, поточно мајката , не покажа добра волја. Ќе видиме што ќе биде во иднина, двајцата сега се во Шпанија, функционираат одлично и се обидуваат да се фокусираат на нивниот однос и обврските што ги има кон спортот – вели извор за српски Курир.
Изворите тврдат дека до кавгата дошло затоа што Оливера сакала премногу да се меша во животот на нејзиниот син, а нејзината ќерка ја поддржувала во тоа, додека другиот син Драги останал неутрален.
Тој не сака да се меша во овој конфликт, сепак ја следи Анастасија на Инстаграм и одржува контакт со неа.
Анастасија не дозволувала никој да им се меша во плановите, што ги изнервирало Оливера и Вања бидејќи токму тие одлучувале каде семејството Гудељ ќе го поминува слободното време.
Дека пердуви навистина летаа се потврди и во Катар, кога Вања и Оливера ја избегнуваа Ражнатовиќ, па дури и седеа на различни страни од стадионот за време на натпреварите. Таму не се ни сретнале, а добро упатени извори тврдат дека Оливера и Вања не сакале да ја видат идната снаа. Тие инсистираа да им бидат одвоени билетите. Анастасија пред некој ден се огласи на Инстаграм, тврдејќи дека се е невистина. Таа се обидува да ги смири страстите и да не ја продлабочува приказната понатаму.
Анастасија Ражнатовиќ исто така му се налутила на своето момче Немања Гудељ па направила хаос пред хотел во Катар а за се се виновни неговата мајка и сестра.
– Анастасија се потруди да го изненади Гудељ по повод осум месеци врска. Кога слушнала дека селекторот Пикси ќе дозволи кратка средба меѓу семејствата и играчите, сакала да дојде во неговиот хотел и организирала се. Но, таа, наводно, навистина се налутила кога Немања преку видео повик и кажал дека мајка му и сестра му ќе дојдат на гости и дека е подобро да не дојде за да нема непријатна средба меѓу нив. Тешко и било што не можел да најде време за неа, па наводно со повишен тон го завршиле тој разговор – изјавил извор близок до Ражнатовиќ, за српски Курир:
– Анастасија не сакаше да остане нерасположена, па самоиницијативно се упати кон хотелот рано наутро пред мечот со Швајцарија. Таму продолжија да се расправаат. Повторно му рекла дека е лута што нема време за неа, но дека не го обвинува што се видел со семејството. Таа му објасни дека нејзиното изненадување не успеало. Тогаш, наводно, Немања навистина се изнервирал, па и рекол да не го замара со таа приказна пред важниот меч со Швајцарија. Инсистирал да ги види Оливера и Вања, бидејќи нивната поддршка многу му значи, но додал и дека му е драго што и таа дошла да го поддржи. Со оглед на тоа што пејачката тогаш зборувала со погласен тон, фудбалерот и рекол да оди во неговиот хотел и да не го срами пред соиграчите и дека мора да оди на тренинг. Замина многу лута – додаде изворот.