Кафе муабет

Се скараа поради кумството: Се шушкаше дека овој настан предизвикал конфликт меѓу Цеца Ражнатовиќ и Вики Миљковиќ!

Цеца ги демантираше ваквите тврдења...

Пријателството меѓу фолкерките Светлана Ражнатовиќ и Виолета-Вики Миљковиќ датира од нивното најрано детство, а започнало преку нивните родители кои се дружеле кога пејачките биле мали.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Иако на момент им се разделија патиштата кога Цеца се прослави, нивното пријателство не заврши, а подоцна, кога Вики се пресели во српската престолнина, стана уште посилно.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Фолк дивата во една прилика откри како тие две почнале да се дружат:

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Мајка ми е просветен работник, исто како таткото на Виолета. Не само што сме пријатели и кумови, туку нашите родители се и семејни пријатели. Како мала кога имав пет-шест години, отидов кај Миљковиќ и останав кај нив неколку дена. И Вики ме прими, па на некој начин бевме цимери. Си се доверувавме, споделувавме тајни, соба, понекогаш дури и гардероба – изјавила претходно Цеца.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Кога во 2006 година Вики се омажи за Ташко, Цеца и Сања Ѓорѓевиќ им беа кумови а две години подоцна, кога пејачката го крстеше синот Андреј, ја избра Сања за кума.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ
фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Иако тогаш се шпекулираше дека Цеца и Вики се скарале, па затоа Вики ја избрала Сања за кума, Цеца веднаш демантираше.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Се договорив со Вики и Ташко уште од претходно, да им го крстат второто дете – рекла Цеца, а Вики додала дека Ражнатовиќ ја советувала да има барем две деца, а таа и ветила на нејзината пријателка и кума дека ќе го одржи зборот.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Инаку синот на Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ порасна во прекрасно младо момче кое неверојатно потсетува на неговата мајка, но тој избра сосема поинаков животен пат од родителите.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Синот на Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ одлучил да биде Андреј Ташковиќ, а не син на познати родители. Затоа наследникот на семејството Ташковиќ реши сам да ја гради својата кариера, па избра да се испроба на тенискиот терен.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Андреј е опседнат со спорт. Тој игра тенис, а неодамна почна да оди и на турнири. Активно работи на својата физичка подготвеност, која сега му е во преден план – откри еднаш горда мајка, во интервју за „Ало!“.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Момчето веќе ги израдувало родителите со бројни медали, а мајка му се труди да му обезбеди што е можно подобри услови, за да не трпат училишните обврски.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Школувањето и активностите на Андреј не смеат да настрадаат поради природата на мојата работа, која вклучува останување будна до доцна и чести патувања. Секое утро станувам пред седум за да му помогнам да се подготви. Кога тој оди на училиште, јас продолжувам да спијам или да ги завршам обврските.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Вики и Ташко се најголемата поддршка на Андреј и се обидуваат да му овозможат да ги следи своите соништа без никакви тешкотии во животот.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Имено колку што е познато во јавноста на почетокот на нивната врска се противеле неговите родители затоа што тој веќе имаше еден брак пред Вики.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Сепак, тие се венчаа и го добија синот Андреј.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ
фото инстаграм/Вики Миљковиќ
фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close