Кафе муабет

Тијана Дапчевиќ не можеше да ја сокрие болеста: Пејачката заврши на операција- конечно проговори за својот проблем

Реши проблем кој се провлекувал со години....

Тијана Дапчевиќ неодамна откри дека пред три години се соочила со голем проблем кој предизвикувал нарушување на нејзиното здравје.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Имено многу жени ќе се поистоветат со проблемот што го имаше пејачката Тијана па поради тоа таа реши да зборува искрено за целото непријатно искуство и да биде инспирација за други жени со слични заболувања.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Таа се соочила со сериозен облик на проширени вени што ја довел до бројни компликации, а болеста на била толку проблематична што на крајот ја одвела на операција.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

– Имав крофни на нозете. Тоа се случува кога ѕидот попушта, а во еден момент мојот попушти, а јас го карактеризирав како да имам крофни на нозете. Сепак, тоа не беше единствениот проблем. Нозете ми беа отечени, имав болки, ноќе ме будеа грчеви… Кога правев доплер, докторот ми рече:

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Ова требаше да го направиме пред една година, не знам што чекаше. “ – објаснила пејачката, а болеста на Тијана Дапчевиќ во тие моменти и носела се повеќе проблеми додека не одлучила да се оперира.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

– На шега знам да кажам: „Мамо, од тебе не наследив куќа, ниви, кули и градови, туку проблем со вените“, се пошегува пејачката, но болеста на Тијана Дапчевиќ не беше шега. Како што објаснила самата операција не била комплицирана, а и помогнала да реши долгогодишен проблем. Операцијата била направена под локална анестезија, па таа со оглед на тоа дека била будна разговарала со докторот и пеела.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

– Двете нозе под локална анестезија и јас, фала богу, немам повеќе проблеми. На секој што е нормален му се чини како комарец да го каснал, но јас не сум нормална па, се ослободив од огромен проблем, првенствено здравствен, а потоа и естетски и сега можам да носам кратки здолништа – заклучила Тијана.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Инаку нашата позната пејачката Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан во април прославиja 21 година брак, а за сето тоа време Милан Дапчевиќ не сакаше особено да се експонира во јавноста.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Имено во една прилика пејачката прозборе за својот брак па истакна дека нејзиниот сопруг Милан и е најголема поддршка.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

– Ние славиме љубов секој ден, не само еден ден во годината- вели таа.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Како што објасни пејачката во една пригода за еден портал, тој и додека и’ бил продуцент секогаш бил во фазон таа да оди некаде, а тој да не се појавува никаде. Таа тогаш истакна и дека својата приватност не ја чува баш толку, но и дека не дозволува никому да се меша во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Нивниот брак помина само низ една криза, кога се пишуваше дека сопругот на Тијана Дапчевиќ и е неверен на пејачката, но таа тоа остро го демантираше.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

-Се пишуваше дека Милан ме изневерувал, но јас не негирав бидејќи нас не не интересира такво нешто. Ниту тој ме изневери, ниту јас него! Сите овие години не погледнав во друг маж, бидејќи во мојот сопруг имам сè! Тоа беше и останува љубов на прв поглед. Можеби го изневерував со Џони Деп, Метју Меконахи, Бредли Купер, но во мојот ум – на мој начин, истакна Тијана.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close