Кафе муабет
Даде цело богатство за да го смени личниот опис: Нема да верувате колку чини носот на Дара Бубамара, за силикони даде 15.000 евра!
Сака да се менува...
Пејачката Дара Бубамара никогаш не криела дека откако се појави на српската јавна сцена, направи неколку естетски операции.
Освен што неуморно користеше фотошоп на социјалните мрежи, Дара го затегна лицето, го среди носот и секако направи нови силикони.
Неодамна во јавноста се појави наводната листа на пластични операции кои пејачката ги имала досега, но и „ценовникот“!
Дара пред нешто повеќе од десет години за прв пат стави силикони во градите, а како што кажа и самата неколку пати ги менуваше.
“Често менувам силикони, пред се затоа што морам. Слушам дека некои колешки ме озборуваат, но можат само да ми плукаат под прозорецот. Ги следам светските трендови, има многу повеќе лажен морал”, изјавила Дара.
Пејачката за насмевката платила 18.000 евра. Се пишуваше дека Дара ги направила новите заби во Цирих, а ја избрала клиниката во Швајцарија бидејќи имале најсовремени методи.
Бубамара неколку пати правела и зголемување на усните и тоа го правела додека била во врска со нејзиниот 20 години помлад дечко Тони. Цената на метар кубен филер за усни е околу 150 евра, па се претпоставува дека Дара за усните дала околу 2.500 евра.
Дека се подмладувала докажуваат и најновите фотографии па покрај операцијата на носот, може да се забележи дека вбризгувала ботокс во лицето и филери во јагодиците. Овие „ситни“ естетски интервенции чинат околу 300 евра во белградските клиники, а мора да се повторуваат на секои шест месеци за лицето да изгледа негувано.
Според медиумите, Дара наводно си го намалила носот во Турција, а тоа чини меѓу 4.000 и 7.000 евра во Турција.
Дара Бубамара е позната по тоа што често ја менува фризурата. Таа е една од првите пејачки на овие простори која долго време носеше кратка коса во разни бои.
Пејачката во последно време носи руса коса со надградба а висококвалитетните природни надградби чинат и до 5 евра по прамен, што значи дека Дара може да потроши над 1.000 евра за надградба и нега на косата!