Кафе муабет

Брижит Макрон ја носи ОМИЛЕНАТА јакна на жените: Уште еднаш покажа зошто е најдобро стилизирана дама која одлично се носи со годините

Таа има префинет вкус...

Иако има 69-години првата дама на Франција важи за една од најдобро стилизираните дами.

фото принтскрин

Иако Брижит е верна на францускиот шик и безвременски парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, таа сака одвреме-навреме да следи некои трендови.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Таа се појави на Европската недела за вработување на лица со попреченост. Француската премиерка Елизабет Бонер приреди свечен ручек за локалните министри и нивните партнери, каде беше присутна и првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Фотот Профимедиа

Г-ѓа Макрон за оваа прилика избра едноставна, неформална комбинација, уште еднаш потврдувајќи дека класиката нема замена.

фото Профимедиа

Овој пат таа облече многу актуелна јакна – пократка од стандардната, во војнички стил и со златен патент. Овој модел лесно се комбинира и е идеален за топлите есенски денови или посвежите пролетни денови.

69-годишната го избрала својот омилен модел на фармерки, кој е речиси секогаш нејзин избор – тесни фармерки од темен тексас, а ги надополнила со бела блуза.

фото профимедиа

Првата дама на Франција никогаш не претерува со аксесоарите, па така беше и овој пат – својот стајлинг со надополни со тенок, црн кожен ремен и впечатливи прстени.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Брижит секогаш е елегантна и умерена кога е во прашање стилот…

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Брижит предизвика големо внимание и кога заедно со нејзиниот сопруг беше во официјална посета на Италија.

фото принтскрин

При посетата на познатиот Колосеум во Рим, Брижит направи одличен моден избор и уште еднаш покажа зошто важи за една од омилените дами кога станува збор нејзиниот стил.

фото принтскрин

Доволно елегантна и во склад со нејзината функција, а сепак со примеси на лежерност неопходна за неформални прилики Брижит се прошета со својот сопруг рака под рака.

фото принтскрин

Имено, г-ѓа Макрон прошета во совршено скроен морнарски костум, со панталони и струкирано сако, а оваа елегантна комбинација ја комплетираше со префинета бела кошула со руска јака и златни копчиња.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Сепак, деталот што ја направи оваа комбинација особено привлечна и модерна се белите патики со подебел ѓон – модел кој е многу актуелен оваа сезона. Патиките внесоа доза на ноншалантност и релаксација во оваа облека, правејќи ја поудобна за носење и погодна за дадената ситуација.

фото принтскрин

Брижит ја комплетираше комбинацијата со темна, кожна чанта, и луксузни очила за сонце и уште еднаш покажа зошто важи за една од најдобро стилизираните дами.

Во продолжение издвојуваме уште неколку модни изданија на Брижит Макрон:

Фото Инстаграм/Брижит Макрон
фото принтскрин
Фото Инстаграм/Брижит Макрон
Фото Инстаграм/Брижит Макрон
Фото Инстаграм/Брижит Макрон
Фото Инстаграм/Брижит Макрон
Фото Инстаграм/Брижит Макрон
Фото Инстаграм/Брижит Макрон
фотоинстаграм/Брижит Макрон
фотоинстаграм/Брижит Макрон
фотоинстаграм/Брижит Макрон
фотоинстаграм/Брижит Макрон
фотоинстаграм/Брижит Макрон

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close