Кафе муабет
Заврши на психијатар поради него па сега реши јавно да прозборе: Барбара Бобак откри како живее по раскинувањето со Дарко- ова никој не го знаеше
Животот и тргна во нагорна линија...
Деновиве пејачката Барбара Бобак која јавноста ја запозна по турбулентната врска со фолкерот Дарко Лазиќ сними спот за нова песна и таа е побарана од било кога.
Во една прилика дури и самата истакна дека откако раскина со колегата Дарко Лазиќ животот и тргна во нагорна линија.
Бобак истакнала дека и требало многу труд за да се навикне на правилата на игра во српската естрада, а открила и зошто морала да побара помош од психијатар.
– Добро се справувам со естрадата, редовно одам во теретана, на часови по танц, а одам и на психотерапевт. Не можам да се пожалам, психички понекогаш ми е тешко, но физички добро го издржувам напорот. Мојот живот беше сосема обичен, но кога влегов во целата оваа приказна, сè се случи пребрзо. Премногу суета, убоди во грб и глупости, кои се работи со кои не сум навикната да се занимавам. Тогаш морав да побарам стручна помош бидејќи немам никој околу мене кој би можел да ме советува – рече Барбара.
Иако врската со Лазиќ не беше добро искуство, барем за неа, таа сепак верува во љубов. Сепак, како што вели, досега ниту еден колега по фолкерот не и го украл срцето.
– Не ги гледам момците врз основа на тоа што го работат, но нема ниту еден пејач на нашата естрада што ме привлекува. Со колегите имам најкоректен пристап, така што навистина не ја доживеав таа непријатност – изјави Барбара.
Дарко Лазиќ кратко по раскинувањето со Барбара Бобак започна врска со Катарина, која ја претстави во јавноста и откри дека се познаваат 13 години а неодамна излезе и веста дека таа е бремена и фолкерот го чека третото дете.
Барбара изјави дека го „избришала“ од својот живот, поранешното момче Дарко Лазиќ, а неодамна откри како се чувствувала по нивното раскинување.
„Да не бев со Дарко, денеска немаше да седам тука. Таа врска ми помогна. Бев во врска со него затоа што ми се допадна тој човек, а каква врска беше тоа, тоа е веќе друга работа. Не сакам да лажам, но добро е што преку него влегов во медиумите, а сега како го платив тоа, е само моја работа. Бев заљубена и го сакав, но не сакам да се зборува дека со Дарко сум била од корист“, изјави Барбара.
Сепак, Барбара призна дека изгубила многу пријатели поради врската со Лазиќ и дека по раскинувањето морала да побара стручна помош за да ги доведе работите во ред .
„Многу луѓе ме продадоа поради врската со Дарко, но им благодарам што ме натераа да сфатам какви се. Таа врска беше нефункционална и не издржавме бидејќи љубовта не е единственото нешто што е важно во врската. Најмногу ми пречеше неговото однесување кон мене. Не би се навраќала на тоа бидејќи сето тоа го решив со професионални луѓе. Отидов на психотерапија и уште одам. За да не ме уништи сето ова, посетувам терапевт со кој разговарам за се што ми се случува. Јавниот живот не е лесен, ја напуштив комфорната зона, но не се жалам, и одам на терапија за да не се изгубам“ призна Барбара.