Кафе муабет

МУ ГИ КИНЕЛЕ УЧЕБНИЦИТЕ, ТЕТРАТКИТЕ ПА ДУРИ И ГАЌИТЕ – Одличен ученик изложен на тежок булинг во Градско

Одличен ученик изложен на тежок булинг во училиштето во Градско....

Ученик во деветто одделение во ООУ„Даме Груев“ во Градско, кој е и првенец на генерацијата, подолго време бил изложен на врсничко насилство од своите соученици, што е пријавено во полиција и кај директорот на училиштето, пишува порталот Дума.мк.

Четиринаесет ипол годишното момче видно вознемирено и со категоричен став дека повеќе нема да оди на училиште им раскажало на родителите дека на 11 ноември неговите двајца соученици го влечеле и кон ходникот кој во моментот бил празен.

По последната доживеана траума ова момче трета недела не оди на училиште затоа што се плаши дека повторно ќе биде нападнато и омаловажувано.

-Моето 14,5 годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември,годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници, ние како родители не знаевме дека двајца соученици, од неговиот клас, и претходно му го искинале долниот веш, му удирале фиски по главата за да седи со свиткан `рбет на часовите за да не им го затвора видикот во училницата, му го уништувале училишниот прибор или му го фрлале низ училишниот прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам – видно вознемирен изјавил таткото на момчето.

 

Цело време моето дете молчело поради срам – раскажува родителот на малтретираното дете, кое поради тоа веќе три недели не оди на настава.

Родителот го пријавил случајот кај класниот раководител Благој Ристов и кај директорката Таца Дукова, а на 12 ноември го пријавил случајот и во СВР Велес, Тој е разочаран е од институциите зашто во изминатите 17 денови никој не помогнал во надминување на траумите што малолетното дете ги претрпело.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close