Дом и семејство

Македонката која го освои жирито на “Ѕвездите на Гранд” откри непознати детали за бракот со познатиот музичар: Мими Јовановска искрено за Филип- Тој ми е најголема поддршка

Уживаат во бракот...

Пејачката Мими Јовановска која што се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде никого не остави рамнодушен со својот талент, во јули оваа година се заколнаа на вечна љубов и се омажи за трубачот Филип Нуне.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Младите музичари решија својата врска да ја крунисаат со брак, а на нивната свадба покрај семејствата и пријателите присуствуваа и голем број колеги од естрадата.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Тие најпрво се венчаа во една од најубавите цркви во Скопје, Свети Димитрија, во близина на Камениот мост, а потоа свадбената веселба ја продолжија во еден од најлуксузните ресторани во Скопје.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Мими и Филип за првиот танц избраа нивна песна, а овој емотивен момент никого не остави рамнодушен.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Мими на венчавката блескаше во преубавата венчаница со длабоко деколте во „ве“ израз, а на главата носеше вел.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Дека се среќни и заљубени покажуваат и многубројните фотографии кои пејачката ги споделува на својот Инстаграм профил.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Во интервју за Женски магазин, Мими откри дека денот и почнува и завршува со својот сопруг.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Истакна дека наутро заедно го пијат првото кафе, потоа заедно појадуваат и се подготвуваат за работните обврски.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

-Мотивација ми е љубов во секаков облик… Љубов кон партнерот, кон моите најблиски и секако најголем двигател – Љубов кон моја работа. Моите дневни планови и обврски се главно поврзани со работа. Доколку не сум на некој настап работам во студио на нови проекти. И кога немам обврски сама ги наогам. Сакам секој ден да ми е квалитетно исполнет, рече Мими за Женски Магазин.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Мими посочи дека слободното време го користи за гледање добар филм.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека во „Ѕвездите на Гранд“ ја пријавила нејзината мајка.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Младата пејачка истакна дека нејзиното семејство е нејзина најголема поддршка во кариерата.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Талентот за музика го наследила од нејзината мајка, која исто така има талент за пеење.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

Освен најблиското семејство, голема поддршка на пејачката во кариерата ѝ е нејзиниот сопруг Филип.

фото инстаграм/ Мими Јовановска

„Секогаш ми е поддршка, ми укажува на моите грешки при настапот и се труди да ме мотивира“, изјави таа во една прилика за медиумите.

фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска
фото инстаграм/ Мими Јовановска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close