Кафе муабет
Гените се чудо: Погледнете каква убавица е сестрата на Хурем- сличноста е неверојатна
Џанан е позната џез пејачка...
Мерјем Узерли, која на домашната јавност и стана позната со улогата на Хурем во турската серија Сулејман Величествениот, за кратко време ја освои публиката, а неодамна имавме можност да видиме како изгледа нејзината постара сестра.
Убавата Хурем на својот Инстаграм сподели фотографија со Џанан, а сличноста е неверојатна.
Две години постарата сестра на актерката своето музичко образование го добила во Турција и Германија, каде што дипломирала на Факултетот за применета уметност, а потоа и на Конзерваториумот. Била член на групата „Селтик мјузик“, а потоа ја продолжила својата соло џез кариера.
Џанан Узерли е успешна џез-пејачка, а пораснала со својата сестра во Германија. За песната „Заман“ таа искористи кадри од нивната приватна архива, па имаме можност да ги видиме малите Џанан и Мерием како си играат… Бидејќи нивниот татко е по потекло од Турција, а нивната мајка од која Мерјем го наследила својот талент за глума, е од Германија, сестрите своето детство го поминале на релација Берлин-Истанбул.
Родителите на Мерјам Узерли се погрижија ништо да не им недостига на нивните ќерки, но и на синовите на Урсула од првиот брак, Дени и Кристофер. Им обезбедија квалитетно воспитување, но и образование.
Браќата на актерката, не се заинтересирани за уметност, а иако сите четворица се движеа во различни насоки од професионален аспект, приватно се прилично блиски, а сето тоа благодарение на Урсула, која е централната нишка на нивното семејство.
Нејзината сестра Џанан во една прилика на својот Инстаграм профил сподели фотографии со нивниот татко па јавноста конечно можеше да го запознае најважниот маж во животот на Мерјем.
– Мојот многу драг татко… Кога бев мала, секогаш се прашував: „Што значи татко? велејќи… Сега многу добро го разбирам значењето на зборот „ТАТКО“… „Татко“ значи да посееш семе на сосема нова личност во утробата со милоста на Алах и да ги следиш своите деца со своите мисли, чувства и дух од нивното раѓање… Ти го честитам Денот на таткото, драг мој татко… Мило ми е што те имам и ти си мојот татко… Тато многу те сакам, напиша Џанан.
-Пред 50 години на денешен ден, нашиот татко Хусеин Узерли дојде во Германија од Истанбул да студира. Со авион до Минхен и понатаму до Касел!Останатото е историја, Среќна 50 годишнина, напиша Мерјем под фотографијата со која им честиташе годишнина од брак на родителите.