Кафе муабет

Како да не родила две деца – нашата позната пејачка сподели фотографии од кои ќе ви застане здивот

Само четири месеци по породувањето, Сара Мејс изгледа совршено...

Талентирана и успешна во својата професија, младата пејачка и харфистка Сара Костадиновска, во јавноста позната како Сара Мејс е доста активна на социјалните мрежи.    

Фото:Фејсбук/Сара Мејс

Сара е во брак со водителот Димитар Атанасовски, а круна на нивната љубов е

ќеркичката Илина и синчето Кирил.

Фото:Фејсбук/Сара Мејс

Сара и Димитар важат за едни од најпознатите парови во Македонија. И двајцата се доста активни на социјалните медиуми каде многу често споделуваат фотографии како од приватниот така и од професионалниот живот.

Фото:Фејсбук/Сара Мејс

Парот се венчаше во 2017 година и направи свадбена прослава со сите традиционални обичаи.

Димитар повеќе од 15 години е дел од јавната сцена. Публиката го запозна како водител на емисијата „Тротоар“, работи во Сити радио и скоро и да нема фестивал и манифестација во Македонија на која не бил водител.

Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски

Во интервју за Репортер, Димитар открива дека два пати присусствувал на раѓањето на децата.

Иако денес му е забавно да зборува за денот кога се роди синот, призна дека кренал паника кога на Сара ѝ пукнал водењакот среде детски роденден.

Фото:Фејсбук/Сара Мејс

Четири месеци откако Сара се породи, двајцата заедно направија фотосесија за познат бренд на долна облека.

Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски

„Не мислев дека некој освен жена ми би сакал да ме сликма по боксерки. Ова беше многу интересно искуство, особено за Сара, која брзо се враќа во форма по породувањето. Спремаме и нова фотосесија за празниците која ќе биде уште посмела, а јас имам нов режим на вежбање за да бидам во форма пред сликањето“, вели тој за „Репортер“.

Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски

Фотографиите од фотосесијата Сара ги објави на своите социјални медиуми, а под една од нив напиша:

,,Ако внатрешниот глас ти вели дека не можеш да позираш, ти секако сликај се и со тоа ќе го замолчиш’’.

Фото:Фејсбук/Сара Мејс

Пријателите велат дека харфистката и пејачка  никогаш не изледала позгодно и дека воопшто не се забележува дека се породила. Други, пак напишаа дека е инспирација за жените и дека не треба да се срамат од вишокот килограми.

Фото:Фејсбук/Сара Мејс

Што мислите Вие?

Фото:Фејсбук/Сара Мејс

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close