Дом и семејство
Болеста на Дијана Ѓоковиќ го скрши Ноле: Не беше дома, последен дозна дека мајка му заврши во болница!
Бил во Австралија кога таа била во болница...
Не е тајна колку родителите на најдобриот тенисер на светот жртвувале за да ги изнесат на правиот пат своите тројца синови.
Тие никогаш не криеја колку им било тешко да ги пораснат и воспитаат Новак, Марко и Ѓорѓе и дека ќе дадат се на светот за нив тројца за кои дадоа се од себе да им обезбедат безгрижно детство, најдобро образование и напредок во кариерата.
За да можат како и многу други родители на своите деца да им обезбедат се што е неопходно тие жртвувале многу, а тоа влијаело и на нивното здравје.
Во една прилика Дијана откри дека од Новак ја криеле болеста со која таа се борела, иако тенисерот се сомневал дека неговиот татко Срѓан минува низ многу тежок период.
– Една година кога бев болна и морав да се оперирам, ги чекав двата постари сина да излезат од дома. Беше зима. Новак замина во Австралија, а Марко во Шпанија. Кога ме оперираа, Новак секој ден се јавуваше на домашниот телефон, на кој обично јас одговарав. Тие денови го слушна гласот на Срѓан и постојано го прашуваше каде е неговата мајка. Од болничкиот кревет се обидов да го прилагодам гласот за да не почувствува дека нешто се случува – се присетила Дијана во својата исповед.
Таа истакна дека Ноле се уште е загрижен за нејзиното здравје.
Иако навреме беше откриена и санирана, болеста на Дијана Ѓоковиќ промени многу, а светскиот рекет број еден со сите сили се обидува да ја заштити неговата мајка, а во исто време се плаши дека семејството повторно нешто ќе сокрие од него, пренесува „Paparazzo.rs“.
Ноле бил разочаран од себеси!
Мајката на Новак Ѓоковиќ се присети и на еден исклучително тежок период од животот на нејзиниот син кој пред неколку години мораше да ја оперира раката, а деталите за се што му се случи ги опиша во едно од ретките телевизиски интервјуа на Марина Рајевиќ „Додека спијат ангелите“.
Она што го кажа Дијана Ѓоковиќ најдобро ја опишува силата и карактерот на најдобриот тенисер во светот.
– Новак постојано е во потрага по нови сознанија. Нешто што не ни е достапно, не е блиску. Заинтересиран е за исхрана, терапии, алтернативни методи. Тој не е приврзаник на класичната медицина, што веќе е познато, но имаше еден период кога мораше да се оперира – ја започна својата исповед мајката на Новак Ѓоковиќ и истакна дека Ноле се обидел да избегне операција се додека тоа не станало неизбежно.
-Кога се разбуди од анестезијата ми кажа дека се изневерил себеси. Му објаснив дека го направил тоа што требаше да го направи и дека ако сака да продолжи да игра, тоа е неопходно. Се обиде со алтернативни методи, се што му беше достапно, но ништо не функционираше. Новак едноставно е против тоа, не сака ле-кови, не сака да внесува ништо во телото. Љубопитен е, чита се што ќе му падне при рака, се образува…
И таа исхрана, не знам дали би ме задоволила мене или некој друг, но нему му одговара. И не можам да кажам ништо, бидејќи ми ја затвори устата со неговите резултати. Тоа што сме навикнати на месо и веруваме дека тоа е единствен извор на протеини, докажа дека не е – изјави мајката на Новак Ѓоковиќ.
Токму во тој период Новак почнал да се повлекува во себе.