Дом и семејство

Доаѓа уште едно девојче: Илда Шаулиќ не може да ја сокрие среќата- конечно убави моменти во семејството

Михајло ќе стане татко...

Иако многумина мислат дека троши многу време и пари на скапи третмани Илда Шаулиќ вели дека тајната на негуваниот изглед е во тоа што навреме почнала да се грижи за себе, дури и во тинејџерските денови. Илда има природен изглед и нема направено ниту една козметичка корекција, поради што често добива комплименти.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Пејачката на 8 декември, кога ќе наполни 44 години и со гордост ги носи своите години.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Таа им се радува на родендените бидејќи тогаш е заедно со целото семејство.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда сега прозборе за убавите моменти кои го очекуваат семејството во наредниот период.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

„Постојано ме прашуваат како ја одржувам убавината бидејќи претпоставувам дека изгледам како некоја што се негува од утро до вечер, но не сум таков тип. За својот изглед се грижам од тинејџерска возраст, одам на козметичар, одам на масажи, сега користам посериозни креми затоа што годините го бараат тоа не ги кријам годините, 8-ми декември ми е роденден и ќе полнам 44, си ги сакам годините, со нетрпение го чекам роденденот затоа што со годините стануваме малку поискусни, зрели и попаметни“, изјави пејачката за „Ало“.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

Нејзиниот брат Михајло неодамна се ожени со избраничката Марина, со која чека ќерка, а на Шаулиќ на прославата најмногу им недостасуваше татко им Шабан Шаулиќ, кој пред три и пол години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

„На свадбата беше емотивно, но и радосно. Најмногу ни недостигаше татко ни и го чувствувавме неговото отсуство, како и нашите пријатели, но тоа не не доведе до тага .Полни сме со прекрасни емоции. Брачните другари навистина не кренаа, беа на висина на задачата и се забавувавме до зори.Време беше Михајло да се ожени и да основа семејство, а сега со нетрпение очекуваме уште едно мало девојче кое ќе му се придружи на семејството Шаулиќ“, рече Илда, која покрај братот Михајло, има и сестра Санела.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

„Од нас тројца, физички јас најмногу личам на мајка ми, но и покрај тоа, повеќе црти имам повлечено од неа“, објаснува пејачката која е исклучително горда на својата мајка Гордана.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

„Горда сум на мајка ми. Таа е жена борец. Се грижеше за нас тројца, но и за кариерата на татко ми и често се шегувавме дека тој е нејзиното четврто дете. Денеска сите имаме свои семејства а таа остана сама и мислам дека и е многу тешко, но тука сме ние, силна е и сите се трудиме да не згасне споменот на тато“, заклучи Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда Шаулиќ со години е во среќен брак со својот сопруг Бојан Вучковиќ, со кој ја има ќерката Ема.
Илда го запознала својот сопруг, исто како и нејзиниот свекор и свекрва на рана возраст, а во една прилика открила како започнала љубовната приказна со Бојан.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Доволно е да се каже дека таткото на Бојан е еден од виновниците за љубовта на татко ми кон риболовот. Неговото семејство имаше викендица во Бановци, во која отидовме семејно – ја започна таа љубовната приказна за „Глоси“.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Меѓу нас немаше тинејџерски симпатии, бидејќи во тој период од осум години разлика, колку што е Бојан постар од мене, ги имаше многу. Тој отиде во Америка кога имаше 20 години, а јас само 12. Кога тој беше тинејџер, јас бев навистина дете. Братот на Бојан, Бранко ми беше најдобар пријател, бидејќи сме генерациски блиски. За Бојан, јас, Санела и Бранко бевме деца, па не му бевме интересни – рече тогаш таа и откри како изгледала нивната прва средба по долги години.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Мислам дека за него и за мене нашата прва средба, по долги години во кои не бевме во контакт, беше целосно изненадување. Кога седнавме да пиеме кафе, разговаравме како сите тие години да се гледавме секој ден. Можеби тоа ми беше невозможна мисија во тој момент, бидејќи ниту очекував ниту бев подготвена за врска и таков близок контакт со маж кој го познавам, а всушност не го познавам. Тоа беше многу специфична ситуација за мене, верувам и за него, но многу брзо и двајцата сфативме дека тоа е тоа и дека не погрешивме. Велам дека тој е мојата друга половина – откри Илда во една прилика.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close