Кафе муабет

ФОЛК ПЕЈАЧКАТА САНИ СЕ МАЖИ ПО ТРЕТ ПАТ, СО ДЕЦАТА СЕ СЕЛИ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Пејачкатата се сели во Швајцарија...

Една од нашите најпознати и најангажирани фолк-пејачки Сани Гроздановска повторно се сврши по само еден месец врска, а зад себе веќе има два брака.

     Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

Во интервју за Фокус пејачката ги открива деталите за оваа голема животна промена.

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

,,-Имаше доста пишувања и шпекулации периодов, вистината е дека се омажив во Швајцарија. Мојот избраник Никола Урдаревиќ е по потекло од Македонија, сега ја средуваме потребната документација и заедно со ќерките заминуваме кај него. Децата ми се многу среќни, го прифатија Никола’’- вели Сани, за која ова е трет брак.

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

Сепак, открива дека никогаш не ја изгубила вербата во љубовта и бракот како институција, и вели дека се радува на иднината.

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

,,Јас сум од оние луѓе, кои и покрај се, веруваат во љубов. Нема да дозволам поради лошото минато, да не ми блеска иднината! Кога е мојата професија во прашање, од Никола имам огромна поддршка. Но, решив да направам мала пауза од настапи кога ќе пристигнам во Швајцарија. Потребен ми е одмор од се, а потоа продолжувам со засилено темпо” – вели таа за Фокус.

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

Никола има три деца на возраст од шест, 16 и 18 години. Сега сите заедно ќе живееме, значи заедно ќе се грижиме за пет деца. Тоа воопшто не не плаши, напротив, се радуваме, бидејќи и двајцата многу сакаме деца, сакаме полна куќа – раскажува Сани

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

Пејачката неодамна објави необична фотографија со вереникот.

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

Таа и тој качени на трактор и во описост стои: ,,Да изораме нивите’’.

Сани е присутна на естрадата долги години.

 

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

Доста млада стапи во брак, доби ќерка, се разведе, потоа се омажи по вторпат па доби уште една ќерка.

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

Со својата работа успеала да заработи за стан и автомобил, и порача дека секоја жена треба да се стреми кон тоа, да биде независна.

Фото:Инстаграм/Сани Гроздановска

 

 

 

 

 

 

 

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close