Кафе муабет
Емина Јаховиќ со емотивна порака до поранешниот- нема да верувате што му посака, како ли ќе реагира младата сопруга на Мустафа на ова?
Тие се во добри односи...
Во 2018 сите беа изненадени од веста дека Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведоа по десет години брак.
Покрај убавите спомени за заедничките моменти, поранешните сопружници ги врзуваат и два сина, а на изненадување на целата јавност разводот не помина без проблеми, па поранешните сопружници завршија на суд.
Наводно, Емина минатата година го тужела турскиот пејач затоа што не плаќал алиментација за нивните синови. Следеше шокантен пресврт, бидејќи Сандал поднел противтужба и, според турските медиуми, доставил докази дека откако се развеле во јуни 2018 година, платил вкупно 1,8 милиони турски лири (околу 115.000 евра).
Пејачката не сакаше јавно да зборува за разводот, но призна дека судскиот спор се уште е во тек. Во меѓувреме, Мустафа се ожени со својата повеќегодишна партнерка, две децении помладата Мелис Сутшуруп.
Емина пред неколку дена за прв пат проговори за врската со Мустафа и со нивните синови Јаман и Јавуз.
– Со адолесцентите е многу тешко, особено кога тие се под лупата на јавноста како моите и синовите на Мустафа. Поради ова, тие двајца понекогаш остануваат гладни за нашето внимание, со оглед на тоа што и ние сме посветени на нашите обврски. Мустафа моментално повеќе време поминува со својот помлад син Јавуз, кој повеќе личи на него – изјавила Емина, а потоа на поранешниот сопруг му посакала среќа во новиот брак.
– Мустафа, биди доволно среќен – беше се што му посака Јаховиќ на својот поранешен сопруг.
Благодарна е за се што има…
Емина неодамна истакна дека ужива во слободата. Таа призна дека на нејзините наследници им било тешко да го прифатат разводот на нивните родители.
– Не е лесно да се биде дете на разведени родители, тоа е судбината на моите синови, но јас ги воспитувам така што тие учат од тие понепријатни фази во животот. На крајот, колку и да е сурово, само ќе ги направи посилни. Сакам само моите деца да пораснат во добри, искрени, ментално здрави луѓе, со многу емпатија кон другите и храброст во животот, изјави таа за „Стори“.
Таа се осврна и на судскиот спор со поранешниот сопруг.
– Продолжува и ќе продолжи… Во мојот случај се работи само за принципот што мора да се почитува и за одговорноста што мора да се преземе. Адвокатите си ја работат работата, јас не им се мешам – откри таа, па додаде дека ужива во слободата:
-Слободата скоро ја запознав и морам да признаам дека таа нема цена. Долго време мислев дека врските љубомората и забраните се доказ за љубов. Сега сфаќам дека може вистински да те сака само некој кој ќе ти дозволи да леташ слободно, да се извишуваш и да уживаш гледајќи те во сета своја слава, а потоа секогаш му се враќаш уште позаљубена и поцелосна.
Таа работи на трпение и е благодарна на Бога за се што и дал, особено за нејзините синови.
– Работам многу на трпение, учам да бидам благодарна за се што ни дал Господ. Дека сме здрави и живи. Најскапоценото нешто што го имам се моите деца, тоа што можам да гледам и слушам, што можам да си ја обезбедам корката леб и дека сум апсолутно независна од никого, признала Емина.
-Емотивната врска е сложена врска и мислам дека веќе некаде во овие одговори го објаснив тоа. Секогаш имам избори, но не се потпирам на нив. Имам два сина и сум самостојна жена. Не ми треба никој да го пополни празниот простор во мојот живот, бидејќи немам толку многу. Ми треба уникатност во секоја смисла, а за тоа имам уште едно мало место, заклучила пејачката.