Кафе муабет

Генералот Стојанче Ангелов распали: ПРАШАЈТЕ ЈА ЖЕНА МИ ДАЛИ СУМ ВИСТИНСКИ МАЖ

Сигурен во машкоста, порача: прашајте ја жена ми...

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и неговата сопруга важат за едни од најскладните парови во Македонија.

Стојанче Ангелов е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.

Ангелов е роден во 1972 година во Штип. Таму завршил основно и средно училиште, потоа во Скопје завршил Факултет за безбедност. Се вработил во МВР како приправник за полицаец во Штип. Во март 1996 почнал да работи во специјалната полиција, каде што околу една година работел како полицаец, две години бил командир на одделение, две години командир на вод, па оттаму бил преместен во Радуша, каде бил водич на сектор.

Во Радуша го зафатил почетокот на вооружените дејствија од 2001 година. Кога се случил нападот на тетовското Кале, го пратиле како командант во посебните единици во Тетово. Останал околу три месеци во Тетово.

Потоа станал заменик командант на Тигрите. Бил учесник во Битката кај Арачиново, каде што бил и ранет.

Ангелов и неговата сопруга Јасминка се пар кој се бори за правда, достоинство на народот. И покрај сите бури и животните предизвици, нивната љубов била посилна од се.

Нивната љубов започнала пред повеќе од 15 години, на работното место.

Во емисијата ,,Нешто конкретно’’ со Снеже Велков гостуваа Ирина Дишоска, Стојанче Ангелов, Павле Камилов и Тијана Ивановска. На темата „Дали постојат вистински мажи или се врста на исчезнување“ генералот Стојанче Ангелов изјави дека сите мажи се вистински, секој на свој начин.

На прашањето дали неговата сопруга се омажила за вистински маж тој одби самиот да одговори и порача да ја повикаме неа и да и го поставиме ова прашање.

Јасминка и Стојанче имаат големо семејство. Имено и двајцата по една ќерка од претходните бракови, а круна на нивната љубов им се заедничките син и ќерка.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close