Кафе муабет
Се зборуваше дека му е љубоморен а сега Емир од Карасевда откри се за односот со најатрактивниот Турчин: Сите се љубоморни на него, сакам да бидам како Бурак Озчивит
Тие се во добри односи...
Кан Урганџиоглу, македонската јавност го запозна по улогата на Емир во турската серија Карасевда.
Бурак Озчивит во серијата го играше Кемал, едното од трите деца во семејството од средна класа. Негова единствена цел е да создаде живот за себе – не верува во чуда, како ни во љубов. Но се ќе се промени кога во неговиот монотон живот ќе влезе убавата Неслихан.
Но таа е мажена за Емир Козџаноглу кој е рамо до рамо со неодоливиот Бали-бег кога е физичкиот изглед во прашање.
Маркантниот актер кој играше негативец во споменатата серија во приватниот живот е сосема поинаков.
Имено Кан моментално е актуелен поради неговиот успех во ликот на обвинителот Илгаз во серијата Јарги / Пресуда, а неодамна благодарение на оваа серија се најде на агендата на неколку списанија.
Каан Урганџиоглу, неодамна одговараше на прашања на новинарите и ја изненади јавноста со својот одговор.
На актерот му беше поставено прашање кое неколку години се провлекува во медиумите, но не доби одговор а сега Емир, конечно кажа дали бил љубоморен на Кемал.
– Дали е вистина дека бевте љубоморни на Бурак Озчивит кога игравте во ТВ серијата Кара Севда / Бескрајна љубов?, го прашаа новинарите.
Секако, Каан Урганџиоглу, кој беше изненаден од оваа ситуација беше доста креативен во составувањето на одговор.
Познатиот актер даде неочекуван одговор на обвинувањата дека е љубоморен на Бурак Озчивит, за што се шпекулира долги години.
– Јас сум луд по Бурак Озчивит. Бурак е многу убав и многу талентиран. Сакам да бидам добар како него, изјави тој.
Додека со овие зборови Каан испрати убава порака за својот колега, тој ги елиминираше и наводите кои со години се провлекуваат дека меѓу нив има проблем и успеа да се извлече од оваа ситуација давајќи многу мудар одговор.
Некои дами сметаат дека Кан е подаднакво привлечен како и Бурак, но има и такви кои сметаат дека е и попривлечен од познатиот турски шармер кој неодамна стана татко.
Кан Урганџиоглу има 37 години и живее во Измир. По професија е актер, а има завршено приватно училиште и колеџ во Америка и се појавува во многу турски филмови.
Во Турција е познат како голем заводник, а папарацо фотографиите на кои е со многу дами, се појавуваат постојано во сите тамошни медиуми.