Дом и семејство
Колку е само сладок: Маја Беровиќ објави фотографија од синчето- фановите пресреќни, еве на кого личи
Не сака да го експонира синот во јавноста...
Познатата пејачка Маја Беровиќ во февруари годинава го роди синот на кго му го дадоа името Лав и тоа беше вистинска медиумска сензација.
Сите сакаа да дознаат што повеќе за наследникот на пејачката, која живее во Австрија со нејзиниот сопруг, бизнисменот Ален Драгосав.
Фолк ѕвездата долго време го криеше наследникот од очите на јавноста, но неодамна се осмели да ја објави првата фотографија од синот на „Инстаграм“, која предизвика вистинска бура, па дури се развија и дискусии на темата на кого малечкото повеќе личи на таткото или на гордата мајка.
Бидејќи се уште беше многу мал, беше тешко да се извлечат заклучоци, а медиумите, но и јавноста се надеваа дека пејачката во иднина ќе објавува слики со синот на својот профил, што за жал не се случи.
Од причини кои само нејзе и се познати, Маја решила да биде таинствена, најверојатно сакајќи што повеќе да ја скрие приватноста на својот син, а девет и пол месеци подоцна реши да сподели нова фотографија од синчето се пофали на своите следбеници кои веднаш забележаа колку Лав пораснал како и фактот дека момчето обожава да поминува време со својата мајка.
Синот на Маја Беровиќ за неколку месеци ќе наполни една година, а нејзините обожаватели со нетрпение очекуваат нова фотографија на која ќе можат да го видат лицето на наследникот на пејачката.
Пејачката во текот на бременоста неколку пати позираше и не ја криеше среќата што ќе стане мајка.
Маја неодамна откри зошто токму сега сакала да се оствари во најубавата улога за една жена.
– Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да го направам тоа што го направив. Во принцип, го постигнав тоа што го сакав во животот. Пред неколку дена објавивме снимка од концертот во Арена. Сега се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене, не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент – рече Маја.
Извор близок до пејачката откри дека во познатата приватна клиника каде се породи Беровиќ, таа ја имала сета можна удобност за време на престојот. Се разбира, за големи пари. Беровиќ плати дури 7.000 евра за породувањето. Маја во оваа болница уживала во луксуз како да е на бања. Таа ја избрала оваа клиника, затоа што имало можност во болничката соба да дојдат фризери, маникир и педикир, а имало и посебен простор за медитација, откри изворот за 24 седум.