Кафе муабет

Таа е една од најбараните пејачки а татко и продава тоалетна хартија на пазар: “Горда сум на татко ми- работи чесно, сака свој денар”

Рада Манојловиќ не сака татко и да се мачи...

Популарната пејачка Рада Манојловиќ неодамна искрено зборуваше за нејзиниот татко Раде и ја шокираше јавноста кога откри дека во една прилика се обиделе да го уб-ијат превртувајќи му го автомобилот.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Таа сега повторно ја шокираше јавноста кога кажа дека нејзиниот татко Раде (71) продава тоалетна хартија на пазарот во околните села.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

И покрај тоа што Рада е една од најбараните пејачки во регионот и постојано му помага, сепак нејзиниот татко сака да има свој денар па поради тоа решил самиот да заработува.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Работи од утро до вечер на нива, а во четврток, сабота и недела работи на пазарите во селата околу Пожаревац бидејќи сака да има свој динар.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Татко ми продава тоалетна хартија на пазар. И не само тоа, туку и илјада ситници, батерии за часовници, сијалици, плински боци… Разни ситници. Секако дека не мора да работи и веќе 15 години го молам да престане, но не сака. Сака да има работа и неговиот динар. Тоа го одржува во живот. Тоа го правеше уште пред да станам популарна – напиша пејачката на Твитер.

фото архива

Рада е горда на тоа колку нејзиниот татко ужива во работата.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– За него поминувањето време со луѓе е на прво место, бидејќи тоа го сака. На пазар носат гибаница, пијат кафе, а често прават и манџа. Мојот татко е легенда како ниедна друга! Еднаш беше горчлива зима, сите беа во дебели јакни, а тој готвеше гулаш – напиша Манојловиќ и додаде дека Раде е исклучително вреден човек.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Од утро до вечер е на нива или се занимава со автомеханичарство, а во четврток, сабота и недела работи на пазарите во околните села. Му завидувам што е толку вреден…

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Пејачката објаснува дека Раде го издржувал целото семејство од продавањето на пазар:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Претходно можеше да се заработат добри пари од тоа. Имавме убав живот, но сега татко ми се жали дека продажбата паднала. Во последните месеци има четири пати помалку пазарџии од порано, бидејќи низ пазарот шетаат десетина луѓе. Порано одеше на работа во шест наутро и се враќаше во еден попладне, но сега заминува во седум и завршува до девет. Нема луѓе. Можеби пазарите во градовите имаат поголема гужва, но не и во селата, истакна Рада…

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Рада Манојловиќ не крие колку е приврзана за својот татко и во неколку наврати истакна дека тој е нејзина најголема поддршка.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Поради тоа таа многу му помага на својот татко Раде, му изгради куќа, инвестира во имотот, се грижи за неговото здравје бидејќи никогаш не заборави колку тој се жртвуваше за неа.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Тој беше нејзина најголема поддршка во животот и кариерата уште пред Рада да дојде во продуцентската куќа на Саша Поповиќ и да почне да се натпреварува во “Ѕвездите на Гранд”.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Таа ги поминала своите тинејџерски години пеејќи на крштевки и свадби, а таквите настапи се секогаш ризични бидејќи гостите генерално немаат почит кон пејачките како што посочува самата таа.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Рада откри дека во една прилика за малку ќе беше уб-иен нејзиниот татко Раде.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

-Татко ми беше жртва во периодот додека работеше како мој менаџер. Никогаш нема да заборавам кога се обидоа да го уб-ијат така што го превртеа автомобилот во кој спиеше и го онеспособија воланот. Бев преплашена, но за среќа тој излезе неповреден. Татко ми е исклучително вешт и снаодлив човек, а ние имавме среќа – изјави еднаш Рада за „Свет“ и опиша дека и таа била нападната:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

-Еднаш, пијан гостин со репетиран пи/штол влезе во шаторот каде што пеев и викна: Ќе ве уб/ијам сите. И тоа само затоа што пејачот со кој работев тогаш не знаеше да ја отпее песната што тој ја бараше. Единственото нешто што ме натера да се чувствувам заштитено тогаш беше тоа што татко ми беше со мене. Инаку, не се срамам што пеев на такви места. Јас сум исклучително горда на тоа, истакна Рада.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close