Кафе муабет
СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ И РЕКОВ НА ЌЕРКА МИ, ОВА ЌЕ БИДЕ ХИТ КОЈ МОРАМ ДА ГО СНИМАМ – СОЊА ТАРЧУЛОВСКА СЕ ВРАЌА НА ФОЛК СЦЕНАТА, ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА
Пејачката целосно го промени имиџот...
Некогашната популарна пејачка чии хитови до ден денес се пеат, Соња Тарчуловска е 17 години во брак со македонскиот бранител и политичар Јохан Тарчуловски. Нивното најголемо богатство, круната на нивната љубов, се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Двајцата се доста активни на социјалните мрежи, каде често споделуваат фотографии од нивните деца.
И Јохан и Соња се горди родители, кои често знаат и да се пофалат со успесите на нивните деца.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
„Мелани е добра пејачка и глумица, балерина и ученичка. Младен дефинитивно го сака спортот и е многу интелигентно дете“, изјави пејачката во едно свое интервју.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Познатата фолк-пејачка по осум години пауза, најавува враќање на музичката сцена. Низ интересна приказна, во интервју за Женски магазин Соња раскажува за нејзиниот живот во овој период, за сопругот Јохан и за тоа како го изненадила кога решила повторно да запее. Соња вели дека кога за првпат ја слушнала песната од ќерката, заплакала и си рекла дека сега е вистинскиот момент да ја испее.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
-Последен пат на сцена се појавив во 2014 година на „Фолк Фест Валандово“ каде што ја испеав песната „Моја Библија“ и тоа беше мојата последна снимена песна, но и периодот пред тоа не се појавував често на музичката сцена, ме имаше па ме немаше, вели Тарчуловска за Женски магазин.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Перидов напорно работам на мојата нова песна и видео спот кои што набргу ќе бидат презентирани на публиката, а песната „Ватрена“ на социјалните мрежи ја искористив како музички сингл во позадина со фотографиите од снимањето на новиот спот како најава на тоа што ќе следува.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Новата песна е инспирација на Мелани, која што веќе долго време ме провоцира да се вратам на македонската музичка сцена. И бидејќи ги игнорирав нејзините провокации, еден ден ми рече: Сакам да слушнеш нешто што ќе ти отпеам и ми го испеа целиот текст, а јас со солзи во очите реков, ова ќе биде хит кој што мора да го снимам, емотивно раскажува пејачката
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Песната е наменета за македонскиот пазар, бидејќи долги години наназад добивам безброј реакции и прашања кога ќе запеам повторно, и ете јас со оваа песна сакам да ја испочитувам мојата публика, а воедно и да се оддолжам со овој нов Хит -истакна Тарчуловска
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
На прашањето дали според сликите го сменила стилот, пејачката одговара дека нејзината професија е уметност и дека постојано бара промени.
Јохан реагираше изненадено и откако ја слушна песната ми рече ,,Ете, тоа е мојата Соња’’.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Љубовта на Соња и Јохан од самиот почеток е интересна за јавноста, која сеогаш е заинтересирана за она што им се случува во приватноста. Уште од самиот почеток тие се под будното око на медиумите. Досега се пишуваа и многу шпекулации поврзани за нивната љубов.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Пред неколку години Соња доживеа страшна несреќа, кога падна од балконот на нивниот стан на втори спрат во Кисела вода, еден ден по нејзиниот роденден.
Медиумите тогаш пишуваа дека наводно нејзиниот сопруг ја турнал од балконот.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Директорот на клиниката Реџеп Селмани потврди дека Тарчуловска била примена со повреди на рбетниот столб и карлицата. Повредите биле стекнати при пад од висина. Пејачката била оперирана и успешно закрепнала.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска