Кафе муабет

ВО СРЕДА ГАЛА ПРЕМИЕРА НА ,,КАЈМАК’’- НАЈНОВИОТ ФИЛМ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ, ЈАНА СТОЈАНОВСКА, КАМКА ТОЦИНОВСКИ И САРА КЛИМОСКА ВО ГЛАВНИТЕ ЛИКОВИ…

Црвен тепих за премиерата на ,,Кајмак''...

Милчо Манчевски (Скопје, 18.10.1959) е филмски режисер и сценарист. Студира на Филозофскиот факултет во Скопје историја на уметноста и археологија, потоа заминува во САД и во 1983 година дипломира на Факултетот за филм и фотографија на Универзитетот во Јужен Илиноис.

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

Од 1985 до 1991 г. работи во Њујорк како камерман на документарни и наменски филмови, потоа како монтажер на документарци, асистент-сценарист за индустриски видеа, асистент-осветлител и помошник-режисер на спотови. Од 1994 соработува како режисер на проекти за сите седум холивудски студија. Во 1995 година Кинотеката на Болоња, Италија, ја организира првата ретроспектива на Манчевски.

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: за филмот ПРЕД ДОЖДОТ, номинацијата за најголемата филмската награда Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, наградата Златен лав за најдобар филм на Фестивалот во Венеција, потоа наградата Златен Чарли на Фестивалот во Монс, Белгија, како и Гран при на Фестивалот на фестивалите во Петроград.

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

Премиерата на најновото филсмко остварување на Маневски, ,,Кајмак’’ ќе се одржи на 16-ти ноември, во среда, во големата сала на Филхармонија, со почеток во 20:00 часот.

Веќе од следниот ден, четврток, „Кајмак“ почнува истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја.

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

„Кајмак“ ќе игра во цела Македонија. Направивме напор филмот да го донесеме во секое кино, каде има техничка можност за прикажување“, вели продуцентот Јане Ќортошев.

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

Неодамна, Кајмак имаше светската премиера и три распродадени проекции на Токискиот фестивал. Реакцијата на јапонската публика беше извонредна. Весникот Џапан тудеј (Japan Today) го нарече филмот „мрсна сатира“. Манчевски беше во центарот на збиднувањата во Токио, каде одржа и мастерклас кој имаше голем одглас кај публиката.

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

Искуството во Токио беше фузија на ултрамодерно и традиционално. Црвениот килим беше посебно искуство, зборуваме за култура на ред и хармонија. Филмот им се допадна многу на Јапонците, а и на нас. Импресиите од разговорите со публиката беа дека филмот ги насмеал, расплакал и ги замислил, интересно беше дека не следеа по проекцијата, не само на фестивалот, туку и на улица за да земат автограми од нас“, велат актерките Климоска и Стојановска.

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

Киноприкажувањето низ Македонија започнува во четврток, 17 ноември и закажано е во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е закажана за 23 ноември. Во Скопје од 17 ноември филмот ќе игра во кината на Синеплекс и Милениум.

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

Фото:Фејсбук/Милчо Манчевски

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close