Кафе муабет
На почетокот многу плачев – Агнеса искрено за семејството, но и за разводот!
Отворено за разводот, ќерките, поранешниот сопруг и домот каде живее...
Македонската јавност ја запозна пред повеќе од 2 години, кога доживеа јавен развод. Имено, нејзиниот поранешен сопруг, преку фејсбук статус објави дека се разведуваат и се крена голема галама.
Скопјанката Агнеса Органџиева за кратко време стана една од најпознатите македонки на социјалните мрежи.
Само на нејзиниот Инстграм профил има на 100 000 следбеници.
Таа важи за една од јавните личности кои за својот живот зборуваат без влакна на јазикот.
Во својот семеен дом во Скопје живее со своите ќерки и како што самата вели, целиот простор во домот зборува за минатото и сегашноста на Италија.
Имено, домот на Органџиева е нејзината оаза каде што си ги полни батериите по напорниот работен ден.
Во своето последно интервју за Репортер, отворено говори за разводот со поранешниот сопруг, за своите две ќерки, за семејството, за домот…
„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат. Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.
Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик. „На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, вели во интервјуто за Репортер.
Агнеса по професија е правник.
А, во овој момент е една од најпознатите инфлуенсерки во Македонија.