Кафе муабет
Каде Цеца гази трева не расте: Погледнете што се случува сега со Богдан Срејовиќ, младиот менаџер кого пејачката го остави по една година врска
Раскинаа иако се изгледаше идилично...
Не е тајна дека Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Цеца, беше крајно вознемирен и тажен по раскинувањето со фолк-дивата, што беше и очекувано.
По помалку од една година по раскинувањето, Богдан се врати на старите навики, на пријателите, семејството кои му го прават денот комплетен и убав.
И покрај болката поради раскунувањето со неговата љубов, тој се врати на секојдневните обврски кои ги има кон неговата ќерка Искра, која е круна на неговиот брак со манекенката Зоран Тасовац, која денес е во врска со Саша Ковачевиќ.
По раскинувањето со Цеца, Богдан Срејовиќ поголемиот дел од времето го поминува во друштво на наследничката, која секогаш успева да го насмее, дури и кога не му е до смеење.
Поранешниот на Цеца сосема се посвети на родителството, а не пропушта ниту еден важен момент со својата ќерка, од родендени, маскенбал, до настапи и балет, а доказ за тоа е неодамна објавената фотографија на неговиот „Инстаграм“ профил.
Имено, Срејовиќ се сликал со наследничката додека се шетале по улица, а нејзиниот стајлинг ги маѓепсал сите кои имале можност да ја погледнат сликата. Срцето на Богдан е полно што е татко на млата Искра а тоа го покажува и описот на фотографијата.
-Најголемата љубов во мојот живот, напиша Богдан и ги стопи срцата на своите следбеници.
Да потсетиме, Светлана Ражнатовиќ беше во врска со Богдан нешто помалку од една година.
Како што тогаш објавија медиумите одлуката за раскинување била обострана.
Иако се изгледаше идилично и дека Цеца си најде партнер „доживотно“, некои работи се променија и нивната љубов не опстана.
Оваа врска започна непосредно пред веста да стигне до медиумите, но поради честите заеднички појавувања со пријателите низ градот, станала забележлива и брзо им станала позната на претставниците на седмата сила.
Светлана и Богдан поминуваа многу време заедно, а одредени моменти од љубовната приказна покажаа на социјалните мрежи.
– Имаше впечаток за севкупна хармонија, како и семејните блиски односи на двете страни. Тоа е причината зошто оваа информација е изненадувачка и на оваа врска е ставен крај.
Цеца и Богдан тогаш не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето што се случи, но единствено што сакаа е да ги потврдат овие наводи:
– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.
Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен.
Раскинувањето не беше бурно, ниту пак трето лице било меѓу низ, но двете страни сфатија дека емоциите исчезнале.
Срејовиќ се уште не се огласил јавно по раскинувањето на врската, но еден факт докажува дека се уште ја сака Светлана и дека не преболел се така лесно – не ги избришал заедничките фотографии со неа.