Кафе муабет
Лила напиша емотивна порака и откри се за “пеколот” низ кој помина: “Оваа претешка година ме научи дека животот е борба”
Го прослави својот роденден...
Лила Филиповска важи за една од најубавите жени кај нас. Таа заслужено е прогласена за една од омилените телевизиски лица, но таа воедно е и една од најпознатите Македонки на социјалната мрежа Инстаграм каде има преку 200.000 фанови.
Имено водителката и инфлуенсерка која е инспирација за многу жени и девојки, викендов го прослави својот роденден, а на нејзината прослава присуствуваа бројни познати личности.
Како и секогаш, па така и овој пат, Лила не остави ништо на случајноста. Таа се погрижи за секој детаљ на прославата која беше организирана во еден познат скопски локал.
За се да биде комплетно допринесе самата таа. Лила облече бел необичен фустан со потпис на позната македонска дизајнерка и блесна меѓу присутните.
Фустанот кој во долниот дел е тесен и ја следи линијата на телото, на предната страна има предимензиониран цвет.
Во овој фустан Лила навистина изгледаше посебно, а целото издание го зачини со обетки и шминка со кои блескаше.
И покрај тешката година што ја имаше зад себе, таа не ја тргна насмевката од лицето, а за тоа придонесе и веселата дружина.
Лила по повод нејзиниот роденден напиша и емотивна порака во која вели дека оваа година особено и била тешка и поради која научила дека секој ден е борба.
-Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден напиша Лила а потоа се надоврза…
-Што не боли-тоа не е живот, што не поминува тоа не е среќа. Синоќа имав една прекрасна вечер, вечер за паметење ! Имам многу за кажување ама ќе бидам кратка… благодарам на сите што ми пружија рака, љубов и поддршка. Што дојдоа и ми ја разубавеа вечерта, напиша познатата водителка на социјалните мрежи заблагодарувајќи им се на своите пријатели.
Лила не ретко со задоволство споделува моменти и од својот приватен живот, така што нејзините следбеници секојдневно уживаат во нејзините преубави фотографии, па така беше и овој пат.
Водителката доби низа честитки и комплименти за својот изглед со кој воодушеви многумина.