Кафе муабет
Инди конечно ја откри ВИСТИНАТА за бизнисменот од Данска, откри и непознати детали за свадбата – ЗА МЕНЕ ТОА Е СТАРОМОДНА работа!
Не се чувствува како невеста...
Пејачката Индира Арадиновиќ- Инди тајно се омажи за бизнисмен од Данска, а медиумите дознаа за тоа откако таа објави фотографија на својот Инстаграм профил.
Сега таа проговори за деталите од интимната венчавка со која ги изненади сите.
Инди откри како се чувствува по нејзиниот посебен ден а јавноста особено ја копкаше што се случувало на венчавката, каква невеста била пејачката, баш поради тоа што го држеше ова во тајност, подалеку од очите на јавноста.
– Не се чувствувам како невеста, бидејќи сум зрела жена. За мене бракот не е ист како кога имав 20 години. Се омажив за мажот што го сакам, а дали ќе биде вистинскиот – времето ќе покаже. Не бев во венчаница, бев во свечен фустан по повод свадба – истакнува пејачката.
За разлика од другите колеги и естрадни личности, пејачката ги сокри деталите од врската и венчавката, а откри и зошто го направила тоа.
– Не го посакував тоа по секоја цена, едноставно ми се случи. Јас не сум некој што се гледа себеси како сопруга и мајка, јас сум уметник, тоа ми се има случено порано. Не објавувам детали бидејќи е нешто интимно и мое. Беше чудно, убаво, возбудливо, имаше различни емоции. Тој ден се запознаа нашите семејства, мислам дека е многу убаво. Интересно е и различно, имаше многу спонтаност. Ништо не се правеше за други, се беше интимно и убаво – вели Инди.
Пејачката откри дали потписот променил нешто и како се чувствува сега како мажена жена.
– Ништо не ми менува, на хартија или без хартија, исто е. Можеби другите не гледаат поинаку, а што се однесува до нас, само сме посилни. Сфатив дека среќата сака тишина. За мене свадбата е старомоден чин и да се разбереме, тоа е голема обврска. Себично влегов во бракот – вели таа.
Инди за крај се осврна и на најтешкиот период во животот.
– Мојата борба за живот дефинитивно, верував дека ќе се извлечам, но беше многу тешко – заклучува Инди Арадиновиќ во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.
Да потсетиме, Инди беше во тешка здравствена состојба по операцијата на желудник.
Пејачката во една прилика гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“ проговори за тешкиот период и борбата за живот.
– Решив да го решам мојот проблем брзо и лесно, со одење под нож и, за жал, се случи сè да стане толку комплицирано од првата операција… Јас поминав низ сериозна борба за живот – открила пејачката и додала:
– Секоја хируршка операција носи свои последици и опасност, припаѓам на најкомплицираната ситуација што ми се случила. Се појави повреда на панкреасот. Панкреасот, сите знаеме дека е најважниот орган, дека е најпотребен. Почнал да прави проблем во телото, да ја закачува слезината која се воспалила и која морала да се отстрани при втората операција. Значи, немам ни еден орган во мене! Што се однесува до желудникот, јас веќе немам желудник, туку комбинација од басен и бајпас, а бајпас прават само луѓе кои се екстремно дебели и кои треба да ослабат, па важно беше само да се спасам во тој момент – изјави претходно Инди во споменатата емисија.
Пејачката по успешното опоравување, реши дека и натаму треба да води сметка за својата линија и за здравјето и тоа, како што рече до крајот на животот.
– Ослабев 40 килограми! Наздравив, во меѓувреме се освежив!- посочи пејачката.