Кафе муабет
Жена (65) pacтргната од кучиња кога тргнала да го земе своето внуче од училиште
Ужасна cмpт на 65 годишна жена во Англија за која се дознало откако не се појавила да го земе своето внуче од училиште
65 годишната Ан Дан беше растргната до cмpт од страна на неколку американски булдози, во моментот кога се спремала за да излезе од дома и да го земе своето внуче од училиште.
Прекрасна личност и прекрасната баба како што ја опишуваат луѓето кои ја познавале, била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Воксхол, Ливерпул, откако училиштето го известило семејството дека детето никој не го земал од училиште.
Соседите исто така пријавиле дека во понеделникот околу 4 часот попладне слушнале женски врисоци. Мајката на две деца, Ан Дан, е деветтата личност која во Велика Британија е растргната до смpт оваа година.
Ан работела како хигиеничарка на Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул, на кампусот Скотланд Роуд.
Полицијата во Мерсисајд потврди дека пет американски булдози, кои се наоѓале во имотот на Свети Бриџит Кресцент, биле заловени од страна на полицијата и хумано успани.
Полицијата исто така уапсила 31 годишен маж под сомнение дека чувал опасни кучиња кои не можел да ги контролира.
Една од соседите која побарала да не биде именувана, изјавила за Ан:
-Таа беше прекрасна жена. Прво што видов е дека голем број на луѓе беа собрани на крајот од патот и зборуваа на телефони.
-Потоа се појави полицијата заедно со пожарникарите-додаде таа.
-Кога дознав дека се работи за Ан и дека таа била нападната, не можев да поверувам-раскажува сосетката-пишува Миррор.
Според записите кои беа објавени од НХС Англија во мај, се покажало дека две области во Мерсисајд спаѓаат во првите пет области во кои има најголем број на нaпади од кучиња.
Друга пак сосетка вели дека во последните три години се појавиле голем број на одгледувачи на булдози во нивната област.
-Иако одгледувачите знаат дека не смеат да одгледуваат кучиња во своите дворови, сепак се појавуваат секојдневно слики на социјалните мрежи, како истото одгледувачите го прават-додаде сосетката.
Детективката инспектор Кејти Кур рече:
-Ова е многу вознемирувачки инцидент и нашите мисли се со семејството и пријателите на дамата која пoчина.
Извор: Миррор