Кафе муабет

РАДА МАНОЈЛОВИЌ И ХАРИС БЕРКОВИЌ РАСКИНАА! Пејачката потврди- неговото СЕМЕЈСТВО било вмешано во се!

Пејачката потврди на социјалните мрежи...

Како бомба одекна веста дека пејачката Рада Манојловиќ и нејзиниот долгогодишен партнер Харис Берковиќ раскинале по шест години врска.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Имено, пејачката на социјалните мрежи по повеќемесечни шпекулации потврди дека раскинала со Харис Берковиќ.

фото принтскрин

Таа во својата објава на Инстаграм откри дека „веќе не се заедно и дека му посакува многу среќа“, по што почнаа шпекулациите дека родителите на младиот пејач се причина за раскинувањето.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

„Иако беа во врска со години, родителите на Харис никогаш не ја прифатија Манојловиќ како потенцијална снаа. Тие веруваа дека Рада е воспитана сосема поинаку од нивниот син и дека нема да можат да живеат хармонично. Ним не им се допадна тоа што е пејачката девет години постара од нивниот син, а ниту нејзиниот поглед во животот. Сакаа сосема поинакви работи“, рекол неименуван извор за весникот Ало и додаде:

фото инстаграм/Харис Берковиќ

„Рада на секој начин се обидуваше да го освои срцето на семејството, но, за жал, не успеа. По пандемијата со коронавирус работите се искомплицираа уште повеќе. Тој е многу приврзан за семејството, не успеа да изгради успешна кариера во Србија, па поголемиот дел од времето го поминува во Босна. Кога и да доаѓаѓе во Босна, Рада спиеше во хотели.Никогаш не доаѓала во неговата куќа, семејството избегнувало контакт со неа. Харис повеќе не можел да го издржи притисокот и го променил однесувањето кон девојката. Иако таа на многу начини се обидувала да ја спаси врската, на крајот раскинале“, заклучува изворот.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Да потсетиме, во медиумите многу се шпекулираше за причината поради која Рада и Харис ставија точка на шестгодишната врска, а меѓу другото често се споменуваше и поврзаноста на Манојловиќ со пејачот Милан Станковиќ.

фото архива

Наводно Харис сметаше дека тој има лошо влијание врз неговата сакана.

фото архива

Според медиумите, по раскинувањето на шестгодишната врска со Харис, Рада наводно се вратила кај Милан.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Иако раскина со Милан пред 10 години, Рада цело време беше блиска со него. Сè повеќе кавги и несогласувања со Харис ја наведувале да се запраша дали тој е вистинскиот маж за неа. Рада почна се почесто да разговара со Милан. Заедно почнаа да ги посетуваат манастирите и Рада сфати дека е многу помирна и посреќна со Милан бидејќи имаат ист поглед на иднината – вели извор за „Стар“ и додава:
– Таа сфати дека треба да го напушти Харис, кој стануваше се посебичен.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Пред две недели заедно посетија црква во Белград каде разговараа со свештеникот кој им даде благослов. По нивното тајно помирување, Рада вистината им ја кажала само на својата сестра и нејзиниот татко. Нејзиниот татко беше многу среќен, секогаш велеше дека Милан е чесно момче и дека би сакал Рада да се омажи за него – вели изворот и додава:

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

-Харис никогаш не беше прифатен како иден зет. Не му се допадна тоа што одбил да дојде кај него во Четереже и што неговите родители постојано се мешале во нивната врска, како Рада да не е доволно добра за нив.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close