Кафе муабет
Болна исповед на Сека Алексиќ: „Мама се уште носи ЛУЗНИ на лицето од ударите на татко ми”
Реши да си ја отвори душата...
Пејачката Сека Алексиќ никогаш не криела дека потекнува од сиромашно семејство а во една прилика откри трауматични детали од своето детство.
Сека израснала во сиромаштија, а како дете била сведок на семејно насилство, и сето тоа оставило голем белег на неа.
„Татко ми сега е покоен а беше добар човек, но има работи што се случија што не може да се избришат. Му простив за се. Кога неговата љубомора ќе проработеше беше неподносливо, и поради тоа имаше проблеми со мајка ми, таа најмногу страдаше, беше тепана. Имаше неколку ситуации кога јас и брат ми ги разделивме, таа и сега има лузни на нејзиното лице од тој период.Се разведе поради тоа и ја разбирам,не треба никој да помине низ тоа.После татко ми замина на работа во странство и пет-шест години не се слушнавме. Јас пораснав со мојот очув Милан, кого многу го сакам и кој нè гледаше како свои деца, одеше на работа за да заработи за месечен автобуски билет, за да можам да одам на училиште“, изјави Сека во емисијата „Преживеани“ “ на К1.
Кога имала шест години, избегале од Зворник и се преселиле во Бања Ковиљача, каде што се запишала на училиште.
– Живеевме многу тешко, бевме во сместување за бегалци, потоа отидовме да живееме во стара школа. Немавме бања, но се капевме кај комшиката. Дојдовме буквално само со тоа во што бевме облечени, без ништо – рече Сека Алексиќ и додаде:
– Децата беа брутални кон мене. Ме исмејуваа за моето икање, за искинатите чевли, за носењето иста маица. Беше страшно сурово, плачев со денови, но не сакав ништо да и кажам на мајка ми, бидејќи не сакав да ја влошам нејзината и онака многу тешка ситуација. Посебно кога дознаа дека мајка ми е муслиманка, имав секакви малтретирања. Ме туркаа, ме плукаа, ми ја кинеа кошулата, но тоа ми помогна во животот. Им благодарам на сите што беа толку љубезни кон мене, бидејќи не би била тоа што сум денес.
Мајка и не сакала таа да пее но Сека имала голема желба да стане пејачка.
– Мајка ми не ми дозволи да пеам, избегав од дома, а очувот ми помогна да ги остварам моите соништа. Почнав да пеам на 14 години и тајно одев на забави, тој ми помагаше да го сокријам тоа од мајка ми. Но, таа дозна и еднаш се појави во клубот, а јас се скаменев кога ја видов и ми падна микрофонот. Кога ѝ објаснив дека тоа е мојот сон и покажав дека само за таа вечер заработувам пет пати повеќе од неа со работа од утро до вечер, таа малку попушти. Од тоа купивме замрзнувач, и така почна – објасни во една прилика Сека Алексиќ во споменатата емисија.
Го пронајде мирот во Стара Пазова…
Пејачката неодамна за прв пат реши да прозбори и откри дека многу нејзини колеги ја критикувале за ваквата одлука.
Таа во последното интервју кое го даде за српските медиуми вели дека била изненадена од реакцијата на некои тогашни популарни личности кога јавно кажала дека се сели во Стара Пазова и гради куќа.
– Луѓето од естрадата ме исмејуваа и велеа дека живеам на нива. На социјалните мрежи пишуваа многу грди работи и ми коментираа зад грб. Не реагирав. Не ни чувствував потреба, направив што сакав и чекав време да ги демантирам. Избрав да живеам на село, не сакам гужви и град, туку природа и затоа ничии коментари не ме допреа. Сега, кога се случи пандемијата на корона вирусот, сите плачеа за таква нива, каде што можеа само да стават стол и да избегаат од оковите на градскиот бетон, вели Сека и додава:
– Кога ќе се вратат уморни од патувањето, каде смениле којзнае колку хотелски соби и авиони, секој од нив пиел утринско кафе со мене со чврчорење на птици и стапала во росна трева. Нема пари што можат да го купат тоа. Сега уживам во малите нешта кои ја хранат мојата душа и го радуваат моето семејство. Најдобрата одлука што сум ја донела во животот е мојот дом да биде изолиран од градската гужва и опкружен со природа и чист воздух истакна пејачката.