MAMA
Млада мајка сподели симптом заради кој и открија paк на матката и кој и го спаси животот!
Здравата мајка Брук Голд го доживеа најлошото животно искуство
Животот на Брук Голд се преврте наопаку во моментот кога и беше дијагностициран paк на матката во Февруари, 2021 година. Како последица од оваа болест Брук заврши со дупка во мочниот меур, неплодност и рана менопауза.
Мајката на едно дете, 36 годишната Брук, секогаш имала добри резултати на нејзините ПАП тестови, иако како што признава знаела често да доцни со контролите во последните пет години, поради секојдневните обврски, но и поради страв од резултатите кои ќе ги покаже тестот, поради семејната историја на заболувања од рак.
Доколку овој пат задоцнела само еден месец со нејзината контрола, докторите веруваат дека најверојатно до сега би била мpтва.
Во Ноември 2020 година , откако почнала да забележува повремено слабо крварење надвор од редовните циклуси, направила ПАП тест кој детектирал карцином на матката , кој бил голем 4 сантиметри.
Оттогаш, младата менаџерка за човечки ресурси била на „емоционален и физички тобоган“ , за време на третманот кој и оставил огромни последици, вклучувајќи ја и дупката во нејзиниот мочен меур , која се појавила од радиотерапијата.
Во Мај 2021 година, на Брук и било кажано дека paкот е во четврти стадиум и докторите направиле обиди со опepација да ја спасат нејзината плодност, но не можеле од причина што пакот веќе бил проширен на нејзините лимфни јазли.
-На моето семејство и на мене ни беше кажано дека докторите не се сигурни дека во овој момент можат да ми го спасат животот, бидејќи ширењето на paкот е напреднато. Отстранија некои лимфни јазли и ме зашија-рече Брук.
Таа останала во болница неколку недели пред да започне со xeмотерапија и paдијација.
Брук и нејзиниот партнер размислуваат да станат повторно родители преку ин витро оплодување со сурогат мајка.