Кафе муабет
Нема да верувате што доби Шаулиќ од конзулатот во Цирих: Ова му беше најголема желба по свадбата- Михајло е главна тема во медиумите
Ќе добива по 5000 евра за стан...
Синот на починатиот пејач Шабан Шаулиќ, Михајло Шаулиќ, минатиот викенд се ожени со својата избраничка Марина Велимировиќ.
Како што веќе се пишуваше тој до неодамна, според извори од Швајцарија, живеел во хотел во близина на конзулатот.
Како што наближувал датумот на венчавката, Михајло го откажал сместувањето и изнајмил стан во кој би живеел со бремената сопруга.
Како што објавија тамошните медиуми наводно младенците сакаат да го уредат станот по свој вкус, па се одлучиле за ненаместен стан.
– Михајло и Марина не сакаа да изнајмат наместен стан. Заедно ќе средат се по нивен вкус. Сега треба да бараат мебел и сите други детали околу уредувањето на просторот каде што ќе живеат во иднина. За нивниот стан конзулатот месечно ќе одвојува и до 5.000 франци. Двајцата следната недела патуваат за Цирих. Моментално се уште се во Белград – вели за српски Курир извор близок на парот, а потоа додава:
– Работата со приватната градинка на Баново брдо, чиј сопственик е таа, ја препушти на нејзината сестра. Логично, таа има најголема доверба во неа и воопшто не е загрижена бидејќи знае дека се ќе биде во најдобар ред– заклучува нашиот извор.
Да потсетиме, Михајло Шаулиќ се занимава со многу одговорна работа. Тој е генерален конзул на Србија во Цирих, а веќе извесно време живее на релација Швајцарија-Белград.
Неговата сопруга Марина, која на венчавката го зела презимето Шаулиќ, е родена во Убо и уште од мали нозе важела за вистинска убавица. Израснала во просечно семејство, а за приватната градинка, чиј сопственик е таа, се изборила сама.
Марина е во четвртиот месец од бременоста и до пред некое време беше со Михајло во Швајцарија.
Да потсетиме, Михајло во неделата го кажа судбоносното „да“ на неговата бремена девојка Марина Велимировиќ, а прославата беше организирана во еден од најелитните хотели во Белград.
Гала свадбата помина во најдобар ред. Присутни беа речиси сите јавни личности, а бидејќи знаел дека неговата свадба беше најголемата желба на неговиот покоен татко, Михајло наздравил во негово име и ги расплакал сите присутни.
Михајло никогаш не криел дека загубата на неговиот татко се уште не ја преболел и дека многу му недостасува особено на толку важен ден како што е свадбата. Според присутните, емоциите постојано се менувале, особено кога пејачот по говорот на Михајло ја испеал „Свадбена песна“ на Шабан.
– Михајло како што и сам напомена во неколку наврати, се уште не го преболел заминувањето на Шабан, и се чини дека сето ова му е најтешко. Татко му е постојано во мислите, вчера особено му беше тешко што не беше покрај него. Наздравуваше со гостите, а потоа со грутка во грлото му ги посвети на Шабан следните зборови:
„Tатко мој, не можев да ја замислам мојата свадба без тебе. Не се договоривме така, нашите планови беа поинакви. Знам дека сега не гледаш и дека си среќен. Ќе бидеш тука преку твоите песни, кои оркестарот ми ги пее откако те нема“ – изјави за С.Телеграф извор од местото на настанот и додаде дека сите присутни ги полазиле морници кога пејачот по говорот ја испеал песната на Шабан:
-Кога почнаа стиховите „Ајде татко, кити ги свирачите, ќе играме уште подобро и погласно, цело маало нека чуе дека си го оженил синот“, се расплака Гоца и ги прегрна младенците. Ниту на Илда, ниту на Санела не им беше ништо помалку тешко, но тие издржаа сè и уживаа во безвременските хитови на нивниот татко.
Инаку, младоженецот пред свадбата стана генерален конзул на Србија во Цирих, што беше уште една причина за славење, но на Михајло, кој е единственото машко дете од бракот на Шабан Шаулиќ и Гордана, најмногу му недостасуваше неговиот татко а тоа не го криеше.