Кафе муабет

Не го малтретираше само Адам Лабунски: Урош добил пријава од поранешна сопруга дека ја тепaл: Дала докази за нејзините тврдења, ја нападнал и сопствената мајка!

Има дебело досие...

Македонскиот пејач Адам Лабунски доживеа непријатна ситуација во реалното шоу “Задруга 6 ” каде е учесник, кога еден од учесниците Урош Чертиќ го повлекол за коса, при што му искинал еден прамен.

фото Фејсбук/Адам Лабунски

Адам со солзи во очите погледна во камерите и ја замоли продукцијата да го заштити.

фото принтскрин

– Недостасува дел од косата па ти си правел надоградба – рече Чертиќ и потоа се надоврза: Од кога мажите ставаат надоградба на косата? Се гледаме македонско девојче…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Задруга

Во дворот со Адам беше и Кристијан Голубовиќ кој по некое време “пукна” и физички се пресмета со Урош и застана во одбрана на Адам.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Задруга

По инцид-eнтot Чертиќ беше казнет, но тој и покрај тоа не престана со пpoвокациите.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Задруга

„Е сега можеш да видиш кога спиеме три часа, а ти се дереш, претпладне, попладне… Пееш до солзи. На мене ќе ми беше под честа“, изјави Урош додека Кристијан Голубовиќ се обидуваше да го смири Адам.

 

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Задруга

„Не можам Кристијан, посилен е од мене. Имавме сцена, зафрканција, човекот ми пријде“, изјави со солзи на очите Адам.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Задруга

„Човекот го исплака Вардар, душата ми се кине. Зошто го мaлтpeтираш човекот? Јас можам да го малтpeтирам и Бугаринот, но тоа не е поента? Што дали сум добро? Го плyкна пет пати за време на состанокот.“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Задруга

„Дали тој тоа го заслужи? Му кажав да не го допира физички, нека пее“. рече Голубовиќ.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Задруга

Македонскиот учесник цел ден со солзи во очите ја молеше продукцијата да го напушти шоуто, бидејчи психички не е подготвен за ваква тортура.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Задруга

Адам потоа својата облека ја пронајде во ѓубре и веднаш знаеше дека тоа повторно му го сторил Урош.
Ова донесе до дополнително растревожување кај Адам кој ги спакува куферите и замина да ја замоли продукцијата да си оди велејќи дека е чесен човек кој не може да трпи насилство.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

Дека Урош Чертиќ е проблематичен човек, говори и фактот што поради семејно насилство го оставила невенчаната сопруга Иван П., објави српски Курир.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

Поранешната манекенка го пријавила каскадерот во март минатата година, кога ставила крај на нивната врска. Таа изјавила дека со закани ја влечел и давел.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

-Поранешната партнерка на Урош Чертиќ, со која има дете, пријавила во полиција дека каскадерот ја нападнал, ја влечел, ја давел и ја фатил со раце за лицето. Таа дури доставила и видео од безбедносните камери во станот, на кое наводно се гледа како Чертиќ се нафрла на неа и физички ја малтретира – открил извор на Курир.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

Според него, патролата брзо пристигнала на местото на инцидентот и зела изјава од Ивана П.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

– Каскадерот бил сослушан и во полициска станица и потоа, со оглед на тоа што не живееле заедно, му било наредено да му се забрани пристап и комуникација со поранешната партнерка. Но, тој не го испочитувал ова, туку испраќал мејлови, поради што неколку дена подоцна бил приведен. Платил казна и бил пуштен на слобода, но против него е поднесена и кривична пријава за семејно насилство – откри соговорникот на српски Курир.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

-Ова го крие како змиски нозе, во „Задруга“ не ни спомнува дека неговата невенчана заедница завршила поради насилство, но последниве денови постојано истакнува дека не дозволува да се малтретираат жените.Чертиќ од првиот ден беше ноќна мора за Јелена Голубовиќ, која постојано ја навредуваше, полеваше со сенф и кечап, но во последно време се помири. Инаку, кога е во прашање неговата врска со Ивана, тие двајца беа во врска повеќе од пет години. Планирале да се преселат во Грција, но тоа не се случило. А кога беше приведен поради мавтање со пиштол во банка, поради што во вторникот беше осуден на една година домашен притвор, покрај него беше Ивана.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

– Од првиот ден одевме полека, чекор по чекор. Се запознавме кога двајцата бевме во врска. Долго време бевме само познаници, се среќававме низ град, во клуб или театар. Ништо не сонувавме, ниту планиравме, ниту се допишувавме. Пред неколку години презимивме во Јахорина, секој со своето друштво. Гледајќи ги сликите на социјалните мрежи, сфативме дека сме се разминале за два дена. По тој повод спонтано ја започнавме приказната, потоа ја поканив на пијачка, а се останато е историја – изјавил Чертиќ само една година пред да се случи инцидентот.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

Урош важи за многу проблематичен и насилен тип, а во јули 2021 година, само четири месеци откако сопругата го обвини за насилство, го пријавила и неговата мајка. Како што пишуваше тогаш Курир, тие се скарале во нејзиниот стан во центарот на Белград, а преплашената жена повикала полиција. Бучавата ја слушнале и соседите и реагирале, а на Чертиќ му била изречена итна забрана за приближување, вели изворот.

фото инстаграм/Урош Чертиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close