Кафе муабет

Грашо за прв пат прозборе за ќерката: Откри како се снаоѓа во улога на татко- ова најмногу му се допаѓа

Сака да и пее...

Пејачот Петар Грашо и неговата 14 години помлада сопруга Хана Хуљиќ на 17 јули годинава се остварија во улога на родители, со што нивната љубов ја крунисаа со најубав подарок.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

Пејачот и ќерката на неговиот долгогодишен колега Тончи Хуљиќ се венчаа неколку месеци претходно, но не сакаат да споделуваат детали за својата приватност.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на се, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат – низ насмевка вели Петар.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу задачи или можности да се покажам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен. Се надевам дека ќе напредувам и во тоа прашање истакна новопечениот татко за Блиц.

Фото инстаграм/Петар Грашо

– Ѝ потпевнувам додека ја заспивам, засега ѝ се допаѓа мојот глас. Се надевам дека така ќе биде кога ќе порасне – искрен е Петар.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Иако оваа работа понекогаш е заморна, јас навистина сакам да пејам. Ова е нашата најпрометна година досега, но колку и да е исцрпувачка, толку е убаво да се пее пред полни плоштади и арени. Се трудам да останам здрав со земање многу витамини и одење во теретана кога имам слободно време. Да не заборавиме 2-3 чаши црвено вино со оброк – препорачува популарниот пејач.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Патувањата во природа се пресудни за да соберам енергија меѓу концертите, кои се доста исцрпувачки заедно со патувањето – открива пејачот кој се обидува со својот пример да укаже на важноста од зачувување на природата:

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Најпрво се трудам да не ја загадам на никаков начин.

фото принтскрин/Инстаграм

Инаку Хана Хуљиќ и Петар Грашо на 17 јули станаа родители на ќерката Алба, која секој ден ги прави посреќни. Ќерката на Тончи Хуљиќ неодамна откри како се снашла со родителството.

фото принтскрин/Инстаграм

– Ми се допаѓа улогата на мајка. Добро сум. Сега малку ја смирувам затоа што има грчеви. Се обидувам да ја заспијам – рече Хана и се наврати на насловите и написите во весниците за неа и Петар, кои се појавуваат речиси секој ден.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

– Секој ден читам по нешто ново за мене и Петар, па престанав да реагирам – вели новопечената сопруга на популарниот пејач, а воедно ги прокоментира и написите за втората поголема свадба.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Искрено, веќе не знам од каде доаѓаат тие зборови. Не планираме уште една свадба – изјави таа.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close