Кафе муабет
Луксуз кој не го гледате секој ден… Погледнете во каква куќа живеат Анастасија и Гудељ во Шпанија (ВИДЕО)
Таа е негова голема поддршка...
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во љубовта и го користат секој момент да бидат заедно.
Тие веќе некое време уживаат во љубовта, а дека имаат големи планови за иднината покажува и фактот што сакаат да започнат заеднички живот.
Немања Гудељ поради кариерата моментално живее во Шпанија, а пејачката често патува таму за да помине што повеќе време со својот сакан.
Колку таа го поддржува фудбалерот сведочи и нејзиниот наводен договор да се пресели со фудбалерот во Турција, каде српскиот репрезентативец доби одлична понуда.
Без разлика дали станува збор за Белград, Севиља, Ибица или некоја друга дестинација, заљубената двојка ужива во секој заеднички момент, а Анастасија, која се почесто објавува фотографии од нивното љубовно гнездо, овој пат ги почести своите следбеници со видео.
View this post on Instagram
Анастасија сподели малку од атмосферата од дворот на величествената вила во Шпанија, каде младата музичка ѕвезда поминува се повеќе и повеќе време, а во позадина се гледа сиот луксуз со кој се опкружени.
Додека чекаше нејзиното момче да ги заврши фудбалските обврски, Таша си најде хоби на „Инстаграм“, а судејќи по доброто расположение и коментарите дека никогаш не изгледала поубаво, се чини дека неговото внимание одлично и прилега.
– Колку се заљубени тоа не мора никому да го признаат затоа што тоа им се гледа на лицата. Уште од првиот ден кликнаа и на сите им беше јасно дека овој однос ќе биде поинаков– изјавил неодамна извор близок до Гудељ, пренесува „Блиц“.
За тоа колку е сериозна и стабилна нивната врска, неодамна истакна извор близок до парот откривајќи дека пејачката и фудбалерот планираат да започнат заеднички живот во Турција.
Имено, како што објаснува соговорникот, спортистот добил одлична понуда од фудбалски тим, а Анастасија докажала дека е негова најголема поддршка кога се согласила да се пресели на Босфор со своето момче.
– Гудељ доби понуда да се пресели од Севиља во редовите на актуелниот турски шампион, тимот на Трабзон. Неговиот сегашен тим е подготвен да го продаде за огромна сума, моментално се водат преговори, а многу е веројатно дека Немања следната сезона ќе се пресели на Црното Море поради деловните обврски – ја започна приказната изворот, кој потоа откри дека со него ќе замине и наследничката на Цеца.
– Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и објасни дека е многу веројатно следната година да ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите и да замине со него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таша – открил соговорникот кој истакнал дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.
– Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да минува во Белград бидејќи тука се сите нејзини колеги и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и внукот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го поддржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозна врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се снајде со тоа темпо на живот – заклучил соговорникот.