Кафе муабет

Сите зборуваат за ова издание на ќерката на Драгана Мирковиќ: Мануела го “запали” Инстаграм- таа е вистинска убавица

Пејачката е горда на своите деца...

Ќерката на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, Мануела решила на одредено време да го деактивира својот профил на „Инстаграм“ и да ги ускрати следбениците од објавите од нејзиниот бајковит живот, но сега им се поклони на трендовите и го врати профилот на споменатата социјална мрежа и благодарение на тоа преку ноќ стана вистинска сензација.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Мануела често споделува фотографии од нејзините луксузни патувања и со тоа не ги остава рамнодушни своите следбеници.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Сега таа ги израдува своите следбеници со фотографии од хрватското приморје каде блесна во полн сјај, а посебно внимание привлече со витката линија, а многумина коментираат дека пораснала во вистинска убавица и дека ќерката на Драгана Мирковиќ е нејзина копија.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Оваа црномуреста дама е вистинска копија на нејзината мајка па не би се изненадиле доколку заплива во јавни води.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Популарната пејачка често ја истакнува скромноста на своите деца, на што е особено горда:

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

‒ Моите деца се најнормалните деца на светот, имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студира економско право, а Мануела завршува средно и работеше на рецепција во „Риц“ – изјавила Драгана во една прилика во емисијата „Први ред“.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Ќерката Мануела е вистинска принцеза чии родители и го обезбедиле животот од соништата, а многумина се прашуваат како ќе изгледа момчето кое ќе успее да го освои нејзиното срце и да добие наклонетост и од нејзиниот татко, кој е маѓепсан од неговата принцеза.

фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ

-Мануела е поинаква, повлечена е, таа е мое бебе. Моите пријатели велат дека е девојка со најубави очи и најчиста душа.Тие се нормални деца што е најубав комплимент денес. Не се разгалени, тие не патат за брендови, јас дури еднаш ја замолив ќерка ми да облече еден од моите фустани затоа што е малку поексклузивен и брендиран, а таа не сакаше да слушне, срам и е другарките да ја видат во него.Таква е таа“, изјави Драгана за Стори.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ

„Кај нас доаѓа друштво од различно потекло, а пред се пријателите ни се претежно луѓе со некоја просечна плата. Нашите деца се свесни за парите и веќе имаа можност да заработат. Марко на пример се занимаваше со сметководство. Мануела работеше на рецепција три месеци, доволно за нејзината возраст да стекне искуство и работни навики. Тоа беше нивна желба да работат, ние не ги принудивме на тоа“, вели Драгана Мирковиќ.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Мануела Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close