Кафе муабет
СЕ МАЖЕШЕ 3 ПАТИ! На вториот маж му го земала целиот имот, му даде само 200 костуми а за него најмногу патеше- животната приказна на Лепа Лукиќ
Имала бурен живот...
Лепа гордо ги носи своите години а нејзиното добро здравје и младост се должи на нејзината весела природа, силниот имунитет и генетиката што ги наследила од нејзината мајка.
Лепа Лукиќ е уметничкото име на српската пејачка на изворни и новокомпонирани песни на Лепава Мушовиќ.
Родена е на 16 јануари 1940 година во селото Милочај кај Краљево. Кога имала две и пол години го загубила татко и Радисав, кој загинал во сообраќајна несреќа.
Мајката Милосија почина во 2007 година на 94 години, а постариот брат Ратко во 2006 година.
Како дете сакала да пее пред огледало и да смислува кореографија која го надополнувала нејзиниот настап. Нејзината мајка ја носела на натпревари каде што победувала, како и на радио аудиции што се одржувале на први секој месец.
Кариерата и започнала кога таа пеела на гроздоберот во Александровац каде и пришол композиторот Петар Танасијевиќ и и понудил да ја сними песната „Од извор два путика“.
Таа склучила договор со продуцентската куќа ПГП-РТБ која и обезбедила стан на улицата Сараевска со договор дека ќе го исплати од продажба на плочи што и се случи следната година.
Како што во неколку наврати призна и самата таа во Белград дошла гола и боса со огромна амбиција да успее во животот. Тогаш започнува нејзината богата уметничка кариера. На територијата на поранешна Југославија нема човек кој не слушнал за Лепа Лукиќ.
Иако ги остварила повеќето желби, таа не можела да има деца поради здравствени проблеми. Меѓутоа, од нејзиниот покоен брат има деца кои ги смета за свои и се грижи за нив.
Во 2011 година учествуваше во реалното шоу „Двор“, а во 2015 година влезе во „Фарма“. Таа тврди дека она што ја одржува е тоа што луѓето ја бараат и дека сепак им е интересна. Таа редовно настапува а и покрај тоа што е во поодминати години гласот и е ист како на почетокот на кариерата.
Зад себе има 3 брака со луѓе кои ги сакала со целото свое срце. Иако и понудиле лесен живот кој ретко кој би го одбил, таа не барала моќен маж, ниту се согласила да се откаже од музиката.
Од првиот сопруг Томе го задржала презимето, но и страста за коцкањето, која им го уништила бракот. И покрај големата љубов, тој не сакаше Лепа да биде пејачка и секогаш се закануваше дека ќе се појави на нејзин настап и ќе направи хаос. По седум бурни години таа се разведе и продолжи со животот.
Таа седум години беше во брак и со вториот сопруг, поп менаџерот Влада Перовиќ, по што се разделија. Тврди дека и го оставил целиот имот и земал само 200 одела и 2 автомобили.
Нивниот брак заврши неславно во моментот кога Лепа го фати како ја изневерува во нивниот дом. Пејачката во една прилика ја опиша ситуацијата кога ги најде Владо и неговата љубовница во кревет.
– Реков дека одам во странство десет дена да пеам. Ме одведе до аеродромот. Се бакнавме. Јас, како наводно, заминав, но се вратив истата вечер. Ги најдов додека се соблекуваа во спалната соба. Неа ја избркав! Таа ме молеше да и ја дадам облеката, а јас не и ја дадов. После тоа и ја фрлив гардеробата по скалите и ја избркав надвор – рече Лепа во свој стил.
Во 1999 година, за време на турнејата во Канада, таа го запознала Милан Милановиќ, со кого се омажила една година подоцна. На почетокот не и се допаѓал многу, но таа сфатила дека не е рамнодушна кога тој не дошол на нејзиниот настап. Таа тврди дека најважно и е да има пријател со кој ќе може да разговара, да се смее и кој нема да ја спречи да го прави она што најмногу го сака.
Таа во неколку наврати зборуваше дека нејзината мајка е нејзината најголема поддршка и ангел чувар на која и се оддолжи со давање убава старост. Кога го заработила првиот хонорар, и купила здолниште и костим. Нејзината смрт тешко ја погодила, па признала дека некое време посетувала психијатар. Често се селела па купила куќа во Сењак, а потоа стан во Дорќол каде што останала најдолго. Сепак, таа се одлучи да води мирен живот во селото Жарково, каде што го најде својот мир.