Кафе муабет

Поради неа ја остави бремената сопруга, средбата во Париз промени се- ова е љубовната приказна на најубавиот турски актерски пар!

Се сакаат како првиот ден...

Тие се заљубија во серијата 1001 ноќ, таа го освои целиот Балкан со улогата на убавата Шехерезад, а тој се прослави по улогата на Сулејман Величествениот.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Бергузар Корел и Халит Ергенч се едни од најпознатите, но и најинтригантните турски парови.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Сите ја паметат убавата Шехерезада, но не помалку популарен беше и Сулејман, па ова турско дуо и е добро познато на домашната јавност.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Тие двајца соработуваа и во серијата Ранета љубов, а кога ја започнаа романсата Халит веќе беше во брак со актерката Гизем. Инаку, Бергузар е 12 години помлада од Халит.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Се пишуваше дека патувањето во Париз во 2008 година донело пресврт во нивната врска, а по десет месеци Халит ја оставил бремената сопруга и се оженил со Бергузар.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

По разводот, на поранешната сопруга и платил околу 250.000 турски лири, а таа го спорела нивното заедничко дете, додека новопечениот пар почнал да живее заедно во една од најлуксузните населби во Истанбул.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Често се пишуваше дека се пред развод, но тие сето тоа го негираа. Оваа брачна двојка има три деца и секој ден на социјалните мрежи убавата Шехерезада споделува семејни фотографии кои сведочат за тоа дека тие се едно среќно и задоволно семејство и дека гласините за развод се невистинити.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Интересно е што Халит Ергенч уште од мали нозе покажал талент за глума, а со оваа работа се занимавал и неговиот татко Саит.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Растејќи, работел секакви работи за да преживее, а разводот на неговите родители оставил голема трага на него.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

И покрај се, татко му ја пренел љубовта кон глумата, музиката и книгите, а самиот Халит како дете сакал да биде инженер, глумата била желба на татко му и се покажало дека е во право.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

И Бергузар потекнува од познато актерско семејство, а нејзиниот животен пат многу потсетува на оној на Халит, нејзината прва голема улога, како и неговата, беше во серијата 1001 ноќ.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Ова им донесе светска популарност, а интересно е што кога започна врска со Халит, Бергузар беше верена со балетанот Тан Сагтурк, но токму патувањето во Париз промени сè и дојде до оваа прекрасна љубовна приказна полна со пречки.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Бергузар секојдневно потенцира дека тие уживаат да бидат со своите деца а за роденденот на нивниот прв син напиша емотивна порака.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

– Сонце мое. Она што најмногу го сакам во мојот живот е мајчинството. Благодарение на тебе. Ти го промени мојот свет. Многу сме среќни што си наш син, се чувствуваме привилегирани затоа што ти го осветлуваш животот на сите. Нека никогаш не завршуваат сочувството, толеранцијата, емпатијата и ентузијазмот што ги чувствуваш во животот. Моето сонце, Али. Ти благодариме илјада пати за светлината и среќата што ги внесе во нашите животи пред дванаесет години. Ти благодариме што постоиш. Нека ти биде среќна оваа година. И ние со тебе заедно – напиша актерката.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close