Дом и семејство

ПРЕСЛАТКО: Прво летување на малиот Реља- среќните родители споделија фотографии од плажа, со овој потег Андреја ги насмеа сите!

Родителството ги промени...

Синот на Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ ужива во првиот одмор со родителите.

фото инстаграм/Александра Томиќ

Актерскиот пар одлучи дека е време за одмор, а овa лето е посебно за нив, бидејќи првпат го поминуваат со Реља.

фото инстаграм/Александра Томиќ

Како и секогаш, Андрија и Александра останаа доследни на одлуката да не го покажуваат синот во јавност, но затоа на „Инстаграм“ секојдневно можеме да ги видиме родителите на Реља во нивниот препознатлив, хумористичен дух.

фото инстаграм/Александра Томиќ

И додека синот на Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ ужива на одмор далеку од очите на јавноста, неговиот татко често ги прикачува духовитите клипови од плажа, додека мајката Александра е задолжена да ги долови сценографијата и тропскиот стајлинг на нејзиниот избраник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by andrijamilosevic_official (@andrijamilosevic_official)

Во едно од видеата Андрија се пошегува на негова сметка нарекувајќи го синот негов газда. Во описот на видеото напиша Јас сум татко прворотка и можам да ви кажам дека не е лесно, со што насмеа многумина…

фото принтскрин

-Мојот газда, тој само ги остава работите и оди, јас се морам за него да купувам а немам бенефициран работен стаж. Го остави човекот шеширот, го остави чамецот, една торба, друга торба, погледни каде му се купачите, превозното средство го паркираше тука и отиде да јаде, се пошегува Андрија…

фото принтскрин…

Да потсетиме, Андрија Милошевиќ и неговата долгогодишна партнерка, исто така актерка, Александра Томиќ, кон крајот на февруари се остварија во улога на родители.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Андрија неодамна за прв пат јавно проговори за улогата на татко и колку се променил со доаѓањето на детето.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Менувам пелени, јас сум татко, татко кој прави се што треба да прават татковците. Знам и правам се, Сандра и јас заедно се грижиме за синот“, изјави Андрија за Телеграф Џетсет.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Не е невообичаено мајката да го преземе најголемиот дел од грижата за детето, но Андрија смета дека сите обврски треба да бидат заеднички и целосно поделени.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Далеку сум од оној тип сега „мајката прави се, а ти ништо“. Не, мислам дека се треба да биде пола-пола, да помогнам, да биде вистинска приказна, не признавам поинаку, искрен е актерот.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Андрија посочува дека детето им донесе само добро во животот и дека тоа кај него разбудило поголема среќа.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

– Улогата на татко ме промени на подобро! Истиот сум како што бев, но сега имам уште повеќе причини да бидам среќен и да ја делам среќата со другите, тоа детето го прави. Тоа е генератор на нежност, изјави Андрија Милошевиќ.

ФОТО: Инстаграм/ Андрија Милошевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close