Бременост
Честитки пристигнуваат од сите страни: Се породи една од најубавите водителки кај нас- го откри и полот на бебето
Радост во семејството...
Шармантната водителка Јелена Богојевиќ, која јавноста ја памети од „Фчерашни новости“, односно „Магазин“ на Сител телевизија стана мајка.
Јелена убавата вест ја сподели на социјалните мрежи а го откри и полот на бебето.
Имено таа и нејзиниот сопруг Срѓан станаа родители на момче а се уште не го откриле името на бебето.
Инаку таа се сврши во август минатата година со нејзиното момче Срѓан кога тој ја побара за жена.
Јелена Богојевиќ пред само неколку недели заплови во брачните води со својот партнер Срѓан Спасиќ.
Таа на свадбата блескаше во убавата бела венчаница, посебно што во преден план беше нејзиниот труднички стомак.
Водителката на својот голем ден беше во поодмината бременост а не ретко со фановите споделуваше фотографии со цел да покаже како се снаоѓа во бременоста.
Сите забележаа дека Јелена покрај стомакот повеќе се нема поправено, но и дека според многумина е поубава и позгодна од било кога досега.
Имено, таа на својот Инстаграм сподели фотографија на која на стомачето пишува „loadig“ и покажа дека ужива во бременоста.
Водителката тогаш позираше со разголено стомаче, а на една од фотографиите се гледа и фотографија од ехо на бебето.
Јелена е дел од јавната сцена уште од детството.
Првпат на само 8 години се појави во детската серија Наше маало, каде ја имаше улогата на Матаеа.
После Наше маало започнала да пее и во хорот на Златно славејче, а паралелно се занимавала со манекенство.
Откако совладала сѐ што е поврзано со манекенството, одлучила знаењето да го примени на пистите и така започнала со професионални ангажмани.
До ден денес Јелена е маѓепсана од камерите, а сега има нова љубов – водителството.
Јелена Богојевиќ покрај тоа што има дипломирано на факултетот за новинарство таа е и магистар по меѓународно право и односи и право на ЕУ.
Таа е една е од ретките која не го крие својот приватен живот.