Кафе муабет
Доаѓа момче? Девојката на младиот Ѓоковиќ сподели убави вести- како ли ќе реагира мама Дијана, за приновата дознава од социјалните мрежи?
Дизајнираше модел на костим за капење...
Убавата водителка Сашка Веселинов на социјалните мрежи сподели фотографија со која изненади многумина.
Сите следбеници беа во шок кога ја видоа фотографијата во сино бикини, но сите се прашуваа само едно.
Бремена ли е Сашка Веселинов? Социјалните мрежи буквално се блокираа, откако девојката на Ѓорѓе Ѓоковиќ објави фотографија во костим за капење, на која пишува „It’s a boy“.
View this post on Instagram
И додека некои се прашуваа што ќе каже баба Дијана, дека веста ја дознава од социјалните мрежи, а не од идната снаа, имаше и помудри кои препознаа маркетиншки трик во гестот на идната снаа на семејството Ѓоковиќ.
Имено, Сашка Веселинов се испроба во дизајнирање и лансираше линија на атрактивни костими за капење. Меѓу другото, таа креирала и костими за невести, деверици и идни мајки.
Сашка стана присутна во медиумите како девојка на Ѓорѓе Ѓоковиќ и привлече големо внимание, јасно беше дека позирајќи во костим за капење најавувајќи го доаѓањето на наследникот, може да ги разбранува мрежите и медиумите и на тој начин да ја претстави својата колекција на најдобар можен начин.
Откри кој и е омилен член од семејството…
Ѓорѓе Ѓоковиќ, помладиот брат на број еден тенисерот во светот Новак Ѓоковиќ, неодамна гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ со неговата девојка Сашка Веселинов.
Тие двајца тогаш откриле дека се заедно речиси една година, а потоа Огњен ја прашал Сашка кој и е омилен член на семејството Ѓоковиќ.
– Па, тоа мора да е мајка Дијана – рече Сашка, а потоа Ѓорѓе го прашаа што најмногу го нервира кај неговиот брат Новак:
– Тоа што доцни, точен е на натпревари и тренинзи, но приватно доцни и нема оправдување. Постојано доцни – изјави Ѓорѓе во емисијата „Амиџи шоу“.
Медиумите долго време шпекулираа за врската на убавата водителка и братот на Ноле, а како што шпекулираа двајцата живеат заедно веќе извесно време и ништо не може да им ја наруши љубовната идила.
Бидејќи целото семејство Ѓоковиќ ја запозна избраничката на Ѓорѓе, многумина се прашуваа дали наскоро ќе ја официјализираат врската.
Но, и двајцата молчат за тоа, а по неодамнешните шпекулации дека во нивниот дом ќе дојде уште еден член, Сашка реши да зборува за бременоста и да разјасни за што се работи.
Имено, Ѓорѓе и неговата нова девојка планираат да купат куче, па тоа ќе биде нов член на нивното семејство.
Атрактивната манекенка и водителка веќе има едно домашно милениче, папагал, а кучето ќе им биде верен пријател, со оглед на тоа што го посакуваат долго време.
– Не сум бремена, планираме да купиме куче – заклучи Сашка.
Братот на Новак и неговата девојка се запознале преку заеднички пријатели и живеат заедно во луксузна населба во Белград.