Кафе муабет
Сузана Манчиќ: Додворувачите поради мене се качуваа на балкон, а јас добив голема сума пари за разголените фотографии
Сега е во среќен брак со гркот Симон...
Најпознатата лото девојка на поранешната држава Југославија, Сузана Манчиќ (65) откри на што се биле подготвени мажите за да го освојат нејзиното срце.
Како што вели, некои како Ромео се качувале на балконот од нејзината соба, некои од љубов ја поминале ноќта во лифтот на нејзината зграда.
-Еден од моите додворувачи го играше Ромео, па се качи на балконот од мојата соба. Тоа беше навистина лудо! Некои спиеја во мојот лифт додека ме чекаа да се вратам дома. Многумина оставаа цвеќиња на мојот автомобил…. Тоа не беа странци или лудаци од улица, туку мажи со кои подоцна бев во врска, кои се грижеа за мене. Затоа избраа толку оригинални начини да ми го покажат тоа – изјавила Сузана за Информер и додала дека сè уште има додворувачи но многу помалку од порано, а како што вели причината е што е мажена.
-Се сеќавам на серија несреќи што ни се случија пред свадбата. Младоженецот ја скршил ногата две недели пред свадбата. Д-р Слоба Ивановиќ му го извади гипсот во кадата од нашата бања. Тогаш татко ми падна по скали додека ја носеше свадбената торта и заврши во Итната помош. Без разлика на се, беше ден за паметење – вели Сузана. Неколку години по разводот, таа го запознала сегашниот сопруг Симон Окомокос, грчки банкар и оттогаш живее на линијата Белград-Атина.
– Првата средба моја и на Симон беше наместена. Еден заеднички пријател процени дека ќе бидеме добар пар и не погрешил. Тој е добар човек, нежен и грижлив… По 18 години врска и соживот, се венчавме во 2018 година во Грција. Моите ќерки пораснаа со Симон, а истото и неговите деца со мене. Ние сме едно големо прекрасно семејство.
Нејзината насловна страница за српското издание на магазинот „Плејбој“ од 2004 година крена голема прашина.
– Јавноста ме осуди, но пријателите и членовите на семејството ми кажаа дека тоа е исклучителен едиторијал. И јас не бев целосно гола, имаше цвеќиња и цвеќиња. Не би се сликала повеќе за такво списание. Не смеам да откријам колку пари заработив од овие фотографии, бидејќи оваа информација морам да ја чувам во тајност, но можам да кажам дека бев најплатена во историјата на српското издание – откри Манчиќ.
Сузана Манчиќ во поранешна Југославија важеше за симбол на женственоста и долго време ја водеше емисијата каде се извлекуваа добитните лото комбинации.
Таа признала дека често била напаѓана поради мултиталентот, но заклучила и дека е пионерка во многу работи.
Манчиќ својата кариера ја започна со песната „Огледалце, огледалце“, кога немаше ни 18 години.
Потоа започна да води неколку забавни емисии, па долги години ги извлекуваше добитните лото комбинации.
– Ги кршев табуата во текот на кариерата со мојот јавен настап. Како многу млада, изгубив сериозна телевизиска понуда да водам емисија на ТВ Белград – ја опишува оваа животна ситуација Сузана:
– Тоа се случи затоа што учествував во претстава, всушност водвил наречен „Се-кс експлозија“. Настапив во корсет кој беше специјално направен за мене. Како што Готје и направи на Мадона, тој корсет ми го направи кројачот на театарот „Бошко Буха“. Претставата беше смешна, но беше скандалозна во тоа време. Немаше шанси водителка која работи на ТВ Белград да игра во ваква претстава. Тоа беше, на пример, првата граница што ја пробив.
Манчиќ наведува дека и нејзината музичка кариера на самиот почеток била дочекана со нож и наведува дека некои дефиниции за нејзиниот лик и дело тогаш ја навредувале.
– Кога почнав да пеам, повторно беше табу тема. Се сеќавам дека во тогашните интервјуа често ме прашуваа што навистина си? Им одговарав дека сум Сузна Манчиќ! Требаше да помине малку време и тоа што бев мултиталентирана на крајот најдобро го искористи телевизијата – признава Сузана.
По 48 години во јавноста, Сузана признава дека кога ќе погледне наназад, гледа два медиумски системи како дел од историјата.
– Се чувствувам како дел од историјата на југословенската и српската телевизија. Се сеќавам на многу работи и луѓе, пејачи, писатели, сликари, актери и сето тоа се легенди на регионалниот шоу-бизнис. Нешто ме турка одвнатре да им го пренесам тоа на ќерките. Често ги прашувам кој ја пее оваа песна, а кој беше овој, ако не знаат, секогаш им велам Ѓорѓе Марјановиќ, Лола Новаковиќ… Не сум носталгична, но мило ми е што се сеќавам и знам се за тоа време- вели Сузана.