Кафе муабет
Цеца го доби она што со години го посакуваше: Еве како го прослави роденденот- зетот Немања повторно ја расплака
Замина во Шпанија...
Пејачката Светлана Цеца- Ражнатовиќ вчера дувна 49 свеќички на роденденската торта, но, за разлика од минатите години, медиумската помпа изостана.
Иако многумина очекуваа дека многу јавни личности ќе се упатат во вилата на Дедиње, како и дека на социјалните мрежи ќе врие од видеа направени на прославата, тоа не се случи.
Имено, како што објавија медиумите Цеца оваа година решила да ја исполни својата долгогодишна желба која со години ја повторува во интервјуата, а тоа е да го одбележи овој датум во својот живот без медиумско внимание, во кругот на семејството.
Секако, најблиските пријатели на Ражнатовиќ испратија пораки со убави желби, а некои од нив испратиле и букети цвеќе на нејзината адреса, додека тој ден била опкружена само со членови на семејството и најблиските пријатели.
Секако, нејзината миленичка Анастасија прва ѝ го честиташе роденденот. Но, потегот на новиот зет ги изненади сите!
Имено, Немања Гудељ на својот Инстаграм профил со емотикон на срце и испрати јавна честитка на Цеца! Се чини дека пејачката досега не се зближила со ниту еден зет, за толку кратко време.
На фотографијата Гудељ со подеднаква љубов ја прегрна својата и мајката на Таша па покажа целосна почит кон најважната личност во животот на Анастасија и дополнително го освои нејзиното срце.
Цеца очигледно е воодушевена од новиот избор на својата ќерка, а не крие дека еден негов потег ја расплака.
Во пресрет на роденденот на Анастасија, тој ненадејно дојде од Шпанија, да ја изненади! Тој во друштво на мајка си, братот и сестрата Вања веднаш замина од аеродромот во вилата на Ражнатовиќ, каде сите и честитаа на пејачката и на тој начин и приредија едно од најубавите изненадувања.
И на изненадувањата им немаше крај. По повод нејзиниот 24-ти роденден Немања и го платил патувањето на Ибица.
– Немања направи неверојатен гест и ми предизвика солзи во очите. Јас сум многу среќна. Мислам колку време помина, додека човек се сврти, децата станаа луѓе – истакна Цеца.
Очигледно на Светлана Ражнатовиќ за рекордно време Немања и стана омилениот „зет“!
Инаку вчера сите и ја исполнија желбата на Цеца видеата да не завршат на социјалните мрежи, но семејството Гудељ, односно членовите на семејството на фудбалерот Немања Гудељ, емотивниот партнер на нејзината ќерка Анастасија, се потрудиле роденденот да не помине без прослава.
Откако младата пејачка на својот Инстаграм профил сподели видеа направени на аеродромот во Мадрид, нејзината мајка објави и фотографија направена при влегувањето во авионот, а може да се заклучи дека сите уживаат во Шпанија како семејство, а нема сомнеж дека гала вечерата во оваа прилика не изостанала.