Кафе муабет

Дарко Лазиќ се смири со поранешната: Објави фотографија и напиша трогателна порака, ова никој не го очекувше од него

Не се огласија по веста дека се повторно заедно...

Пејачот Дарко Лазиќ предизвика низа коментари на социјалните мрежи кога и го честиташе роденденот на поранешната вереница Барбара Бобак.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, Дарко и Барбара ја раскинаа свршувачката пред повеќе од еден месец, но сега сите се сомневаат дека парот ја обновил романсата.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко на Инстаграм јавно и испрати честитка на Барбара по повод нејзиниот роденден а потоа објави текст на романтична песна.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Барбара на својот Инстаграм профил ја сподели честитката на Дарко и стави емотикон срце.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Да потсетиме, откако Дарко беше уапсен поради возење под дејство на алкохол и под дејство на нар-котици, јавноста дозна за раскинувањето на овој популарен пејач со неговата свршеница и колешка Барбара.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Додека Лазиќ беше во притвор, Бобак откри дека на нивната емотивна врска и дошол крајот и дека не била изненадена што на бившиот му откриле кок-аин во крвта.

Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, пред неколку дена пејачот на својата инстаграм приказна објави стара фотографија, која тогаш ја објави и Барбара, на која двајцата позираат и шетаат во една убава летна вечер, а набргу потоа ја избриша објавата.


Сите веднаш помислиле дека парот се смирил, а во таа прилика за Информер се огласила Барбара.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Воопшто не знам за што се работи, целосно сум изненадена. Ниту сум поставила фотографии, ниту сум се сликала со некој. Кој ја објавил таа фотографија тој и контактирајте го, навистина не знам за каква фотографија се работи, не сум се смирила со никого – кратка беше Барбара.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Инаку пејачката Барбара Бобак неодамна го снимаше спотот за својата нова песна, емотивна балада, а пред почетокот на снимањето одговори на неколку прашања на новинарите.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Таа зборуваше и за Дарко Лазиќ и нивното раскинување. На самиот почеток откри дали пати поради раскинувањето.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Не мора да страдате поради раскинувањето кога нешто ќе се прекине на здрав начин, пријателски. Нема причина за тага и лоши емоции. Без разлика дали имате различни перцепции или различни амбиции, нашите патишта едноставно почнаа да се разминуваат во однос на љубовта. Подобро е вака отколку да беше измама или скандал – рекла Барбара која тврди дека венчавката никогаш не ја ни закажале иако ја планирале:

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Свадбата не ни беше закажана за да се откаже. Тоа беа планови за светла иднина, но тоа не се случи. Не е вистина дека Дарко го користев за напредување во кариерата. Се гледа кога со некого си порад корист, и кога сакате некого. Сè уште го сакам, како пријател и човек.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Пејачката одговори и на коментарите од типот дека таа го искористила само поради популарност.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Не е точно дека го искористив за да се пробијам на сцената. Луѓето не се глупави, тие разбираат се. Ние луѓето од естрадата сме луѓе како и сите други. Веднаш се пишува дека најдов друг. Како сите да сме на сцената ку-рви. Не ми треба тоа сега. Со Дарко се уште комуницирам, имаме и закажано заеднички свирки. Луѓето не ангажираа заедно, но тоа е нормално. Бевме свршени, имавме планови.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

За ноќта кога Дарко бил уапсен бидејќи возел под дејство на алкохол, таа изјавила:

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Бевме во слаб контакт таа вечер, не ми беше гајле каде е. Разговаравме кратко, го молев да спие каде што е ако конзумира алкохол, бидејќи не можам повеќе да се справувам со него. Во тој момент полицијата го запрела, не ме извести за ништо понатаму, а јас заспав – рекла Барбара и открила:

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак

– Долго време сум изневерена, не бев изненадена, ниту една негова лоша постапка не може да ме изненади. Бев повеќе изгубена отколку лута и разочарана, мојот гнев и разочарување одамна ги има– рекла Барбара.

фото инстаграм/Барбара Бобак
фото инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close