Кафе муабет
Живеела со нив во „ГОЛУБАРНИК“ ОД 42 КВАДРАТИД: Ова се родителите на Гоца Тржан!
Посвети емотивна порака...
Гоца Тржан е во многу блиски односи со нејзините родители, мајката Роксана и таткото Антон, а колку е поврзана со нив можевме да видиме на социјалните мрежи.
Пејачката неколку пати објавуваше фотографии со своите родители додека беше мала, а неодамна имавме можност повторно да ги видиме во видео, кога семејно го прославуваа роденденот на ќерката на Гоца, Лена.
View this post on Instagram
– Кога ќе најдам вакви слики од детството, размислувам за тоа колку не сме свесни за жртвите и безусловната љубов на нашите родители, колку пати ги гризаме во срцето од тинејџерска опсесија, колку сме среќни што ги имаме во нашите животи, што ни помагаат во воспитувањето на нашите деца – напиша популарната пејачка и додаде:
– Не губете време, покажете им на родителите колку ги сакате додека се живи, бидејќи кога ќе заминат – ќе зажалите. Благодарна сум што можам да ги прегрнам и да покажам дека ги сакам и дека сум благодарна за воспитувањето и здравото детство што ми го дадоа.
Како што вели до полнолетство живеела со нив во „гулабарник“, во стан од 42 квадрати.
View this post on Instagram
– Моите родители заедно создаваа, заедно пораснаа, немаа ништо. Живееле во соба со тетка Љуба.
Тогаш татко ми доби стан од војска, 42 квадрати, на осми кат без тераса. Го викавме гулабарник. До 18 години живеев во тој стан со семејството – изјавила тогаш таа.
Инаку Лена неодамна го прослави својот 15-ти роденден.
По тој повод пејачката на социјалната мрежа Инстаграм и се обрати со емотивна порака:
Така е, ние сме секогаш тука да си го чуваме грбот, да те туркаме кога ти е тешко, да те сакаме кога не можеш ни да се погледнеш, да те насмееме кога си тажна, да бидеме твојата сила кога се чувствуваш слаба, да ти го осветлиме патот кога не си сигурна каде треба да одиш. Биди слободна, биди своја, биди независна, биди среќна. Те сакаме засекогаш Среќен 15-ти роденден Лено.Те сакаат баба, дедо „Раша и мама“, напиша Гоца.
Пејачката неодамна откри дека таа и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ донеле одлука да посвојат и усреќат дете.
Гоца и Раша со години се борат за потомство, а сега донеле одлука да посвојат дете.
„Гоца беше многу тажна кога доби негативен резултат, сепак, не се откажува, таа е голем борец и не сака да бега, а најголемата поддршка ја има од сопругот Раша. Иако по петти пат беше на ин-витро веројатно ќе се обиде повторно. Сепак, разговарале и решиле дека ако наскоро не успеат да се остварат како родители, ќе започнат со процесот на посвојување. Таа сакала да посвои момче“, изјавил извор за Стар.
Пејачката неодамна за медиумите проговори за одлуката да посвои дете. Таа откри дека таа и Раша немаат можност да посвојат новороденче.
-Според нашиот закон, 48-годишна жена не може да посвои новороденче, бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.
„Постапката за посвојување деца е ужасна затоа што мора да се исполнат различни барања, а има одредени ограничувања. Мора да собирате документи две-три години и да се борите со глупости.
Разговарав со Сергеј Четковиќ, кој посвои ќерки и кој ќе се обиде да „Направи нешто за да ги забрзаме овие процедури. Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете на кое ќе му помогнеме финансиски“, изјави Тржан за Глорија.