Кафе муабет
Тончи Хуљиќ подготвува луксузен подарок за ќерката на Хана и Грашо- нема да верувате што ќе добие од дедото!
Со нетрпение чека да стане дедо...
Музичката легенда Тончи Хуљиќ времето го поминува во Белград, а пред неколку дена новинарите ја искористија можноста да разговараат со него.
-Мило ми е што ќе станам дедо, а во исто време сум и нервозен. Сите сакаме да доживееме старост, но не ни се допаѓа тоа што старееме. Кога ќе се ожениш, некаде си на средината на животот, а каде си кога ќе станеш дедо, се запрашал Тончи.
– Цело време велев да раѓаат деца, а потоа кога дојде тој момент, потребно е време да се прилагодам, вели Тончи.
За својата внука, вели, подготвува нова куќа на Крк, а откри и како ќерка му ја поднесува бременоста.
-Тие имаат динамичен живот и живеат како да нема да имаат дете за два месеци, вели Тончи и додава дека врската на Петар Грашо и неговата ќерка Хана не ја нарушила врската меѓу Данијела Мартиновиќ и него.
– Им се случи, сите бевме изненадени. Бевме многу блиски пред ова. Со сите се е исто, секој си живее свој живот, вели Тончи.
Тој додаде дека подготвува песна во која ќе глуми дедо и дека тоа ќе биде вистинска пародија на него и на Петар Грашо.
Неодамна Тончи Хуљиќ откри дека кон крајот на јуни во Загреб ќе ја изведе првата поп-миса во светот.
Сплитчанецот во едно интервју откри колку му е важна верата во животот и како пред десет години сфатил дека не може без Бог.
– Не сакам никого да влечам за ракав и да го убедувам дека треба да веруваш во Бог и слично. Сите околу мене се верници, црквата ми е прв сосед, откри Хуљиќ и призна дека тоа не било секогаш така.
-Почнав да читам некои знаци, почнав да забележувам некои работи и во моментот кога ќе сфатиш дека нема случајност – веруваш. Не можам да кажам дека бев таков до пред 10-12 години, но потоа те обзема и стануваш зависник, не можеш да се ослободиш од верата“, изјави Хуљиќ за магазинот ИН.
Тончи истакна дека не може да замисли ден без музика.
– Немам хоби, целосно сум неспособен за нормален живот, не знам да лупам јајца, да готвам јајца, фрлам половина јајце кога лупам, мене ме прави среќен само правењето музика- рече тој.
Музиката и семејството се смислата на неговиот живот, а на изведбата на поп мисата во Загреб треба да биде и неговата ќерка Хана за која вели дека воопшто нема посебни барања поради бременоста.
„О, таа е убава во секој поглед, таа не е воопшто таква, како ништо да не се случува“, рече тој. Кога станува збор за здравјето, вели дека е вистински хипохондрик.
– Не само за себе сум хипохондрик, туку за целото семејство постојано пазам на се, постојано сум оптоварен, постојано се плашам од нешто, а тоа е нешто што не треба, што не оди со верата, вели Хуљиќ.