Кафе муабет

Луна Џогани со кнедла во грло ја откри болната точка: Сите ми го свртеа грбот, никогаш повеќе не се јавија откако излегов од Задруга!

Пријателите и го свртеле грбот...

По многу бродоломи кои ги доживеа додека беше во реалното шоу Задруга но и по нејзиното излегување од таму Луна Џогани сега ужива во бракот со Марко Миљковиќ, со кој ја доби ќерката Миа, а неодамна купија стан на Бежанијска коса, кој го уредија по светски терк.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Луна гостуваше во една емисија и кога се покрена темата за пријателство, со тага призна дека тоа и е болна точка бидејќи се се смени по Задруга.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– За жал, јас немам такво искуство. Се сеќавам кога влегов во првата сезона на Задруга, друштвото ми прореди испраќање, беа 10-тина. Кога излегов, имаше само двајца. Тоа е тажно. Другите никогаш повеќе не се јавија. Причината беше моето однесување, тоа не го очекуваа од мене. Знаете, тие се невини луѓе. Ова е незгодна тема за мене овие денови бидејќи неодамна се разочарав од некои мои блиски луѓе. Не можам да го сварам и проголтам тоа. Сега кога имам дете, мојот фокус е поинаков. Ако не знаат да ги испочитуваат датумите кои се важни за нас, нема што да бараат. Повеќе би сакала да имам еден пријател но да биде тука до мене– изјавила Луна за Гранд.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Луна призна дека како и многуте пријатели кои ја напуштиле по учеството во реалното шоу така беше и со Анастасија Ражнатовиќ, што предизвика најголемо внимание.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Марко откри зошто за кум го избрал Сава Радовиќ, поранешниот сопруг на водителката Ирина Радовиќ.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Сава секогаш беше со мене. Кога се запознавме пред 15 години, тој беше со мене цело време. Чувствував дека тој треба да биде мојот кум, тој е прекрасна личност. Никогаш не сум се скарал со него. Се согласуваме за се за две секунди – откри Марко.

фото инстаграм/Луна Џогани

Луна изјави дека имала голем круг на пријатели пред реалното шоу и дека по излегувањето се дружи само со тројца од нив.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Ме обожаваа. По напуштањето на реалното шоу, останаа тројца. Тие беа разочарани и не им одговараше како се претставив во реалити шоуто. Покажаа дека не се во добро и зло со мене, туку само кога е добро – изјавила Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

Во врска со пријателството со Анастасија Ражнатовиќ, Луна рече дека тоа бил тежок период.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Се шпекулираше дека го земав нејзиното момче, таа до неодамна не се огласуваше и испадна дека таа ги потврди тие приказни. Ми беше многу тешко, таа ми е и кума. Поминавме многу заедно и никогаш нема да можам да го заборавам тој дел од мојот живот. Ништо конкретно не се случи, нашите патишта се разминаа. Растевме заедно но во еден момент нашите мислења не се вклопија. Се заљуби, цело време беше со тоа момче, јас имав нешто свое и така се разминавме. Не се каравме ниту навредувавме. Никогаш не добив лош збор од неа, ниту пак таа доби од мене – објасни Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

Сопругата на Марко истакна дека секогаш ќе ги памети убавите работи од нејзиниот живот со Анастасија.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Жал ми е што не сме пријателки, сепак ние сме куми. Кога решив да се крстам, никој не беше поважен за мене од неа. Таа беше како дел од мене, бевме многу блиски. Сакав мојата кума да биде некој со кој споделувам се и на кој можам да му верувам истакна Луна.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Како што рече, денес ги слуша песните на Анастасија и и посакува среќа во животот. Марко се надева дека неговите пријатели нема да му го свртат грбот, како што тоа досега не го направија тоа.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close