Кафе муабет

Познатиот пар позираше со ќерката: По 100 дена во болница, нашето девојче конечно стигна дома

Пријанка и Ник го држат своето девојче во прегратка...

Во средината на јануари, музичарот Ник Џонас и актерката и поранешна Мис на светот Пријанка Чопра го добија своето прво дете.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

Ќерката на Малта Мари е родена од сурогат мајка, а Пријанка на Инстаграм објави дека девојчето конечно пристигнало во нивниот дом.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

Таа објави фотографија на која позира со сопругот и ќерката.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

– На овој ден на мајката не можеме а да не се навратиме на последните неколку месеци во кои јас и мојот сопруг ги доживеавме сите можни чувства, од неизмерна среќа до голема грижа. Оваа фотографија ја споделуваме со многу луѓе кои сега минуваат низ слично искуство, започна објавата.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

Имено, малата Малта поминала 100 дена во болница и сега конечно стигнала дома.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

– По 100 дена во болница, нашето девојче конечно е дома. Патувањето на секое семејство е единствено и бара одредено ниво на верба, и додека нашето патување во изминатите неколку месеци беше предизвик, она што станува сосема јасно е колку е скапоцен и совршен секој момент. Пресреќни сме што нашето девојче конечно е дома, напиша Пријанка.

фото инстаграм/Пријанка Чопра
фото инстаграм/Пријанка Чопра
фото инстаграм/Пријанка Чопра

Тие им се заблагодарија на персоналот на породилната болница Rady Children’s La Jolla и Cedar Sinai во Лос Анџелес каде нивната ќерка лежеше три месеци.

фото инстаграм/Пријанка Чопра
фото инстаграм/Пријанка Чопра
фото инстаграм/Пријанка Чопра
фото инстаграм/Пријанка Чопра

За потсетување, познатата актерка и поранешна Мис на светот Пријанка Чопра се омажи за 10 години помладиот пејач Ник Џонас на 1 декември 2018 година.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

Двојката имаше две свадби и неколку свадбени приеми, а невестата смени неколку венчаници и секој пат нѐ импресионираше со убавите креации.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

Но и нејзиниот најубав ден во животот не можеше да помине без некој да ја критикува на социјалните мрежи.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

Нивната традиционална венчавка ја следеше цел свет, но повторно беа критикувани од јавноста. Но во центарот на вниманието ги стави организацијата за заштита на животните Пета, која го обвини познатиот пар за злоставување на животни. Имено, во согласност со традиционалните индиски обичаи, Ник дојде по својата невеста на накитен слон, што ги разлути љубителите на животните.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

„Ви честитаме на среќниот ден, но жалиме што не беше среќен и за животните. Слоновите кои се изнајмуваат за свадба живеат во синџири, а коњите се воспитуваат со камшици”- им порачаа од познатото здружение „Пета“.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

Актерката која стана Мис на светот во 2000 година и поранешниот пејач од бендот „Jonas Brothers”, само сакаа нивната свадба да има нешто заедничко со Хинду и христијанската култура, но очигледно тоа не наиде на одобрување кај голем број љубители на животни.

фото инстаграм/Пријанка Чопра

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close