Кафе муабет
Ураганките се огласија по веста дека групата се распаѓа: Вистина е заедно сме до септември- ја открија и вистинската причина за распадот
Им завршува договорот со продукцијата...
Во јавноста како бомба одекна веста дека групата „Ураган“ се распаѓа, а пред неколку дена од продуцентската куќа на која и припаѓаа и официјално е објавено дека на соработката и дојде крајот.
-Имено, на членовите на групата Hurricane – Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, договорот за деловна соработка истекува во септември оваа година, па затоа заеднички решивме да не го продолжуваме бидејќи не се вклопува во новите бизнис планови на нашиот тим, но исто така и на секоја од нив поединечно.
Во знак на благодарност до фановите и публиката ќе одржи проштална турнеја.
– Беше исклучително голема чест да се работи со Сања, Ивана и Ксенија, кои докажаа дека се професионалци, и го оправдаа статусот на ѕвезди кои во меѓувреме го стекнаа исклучиво благодарение на нивниот труд, посветеност и талент. Нагласуваме дека и тие ја оправдаа довербата што им ја даде нашата продукција. Затоа уште еднаш повторуваме дека одлуката за раскинување на соработката е донесена со заеднички договор.
Од продукцијата додадоа дека напорно работеле во последните години, и дека на сите им е потребен одмор.
– Секако дека ќе одлучат за натамошниот развој на нивните кариери согласно нивните планови и очекувања, а ние искрено им посакуваме уште поголем успех од оној што го постигнавме со заедничка работа. Поради сето ова, решивме турнејата да ја придружиме со неколку нови песни кои ќе ја одбележат и заокружат работата и успехот на групата Hurricane .
Продукцискиот тим напомена и дека се формира нова постава на членовите на групата Ураган.
Решиле да продолжат соло кариера…
Според српските медиуми, оваа тројка се договорила да функционираат заедно до септември, a потоа секоја од нив ќе започне соло кариера.
Од снимањето на хитот „Фаворито“ пред две години, Ксенија Кнежевиќ, Сања Вучиќ и Ивана Николиќ станаа омилени пејачки во регионот и јавноста го следеше секој нивни потег.
Набрзо следеше Евровизија, на која ги освоија симпатиите на цела Европа, а секоја наредна песна стануваше хит. И покрај тоа што се уште се многу популарни, неодамна почнаа шпекулациите дека девојките повеќе не можат да соработуваат, и дека сакаат да ја продолжат својата музичка кариера, но соло.
Според извор близок до девојките, тие во мај се договориле да направат летна турнеја и закажале настапи кои ќе ги имаат во наредниот период, по што ќе се разделат. Тоа значи дека веќе во септември секоја од нив ќе тргне по својот пат.
Многумина ќе ги растажи оваа информација бидејќи, особено кај помладата публика, девојките се многу популарни. Сепак, има и такви кои сметаат дека е подобро да продолжат сами. Со месеци на социјалните мрежи се коментира дека меѓу пејачките владее нетрпеливост, и дека забележале дека Ивана е разделена од Ксенија и Сања.
Тие не сакаа да ги коментираат ваквите наводи, но сомнежите ги подгреа Николиќ, која неодамна го прослави роденденот без колешките. Новинарите се обиделе да стапат во контакт со девојките, но тие не одговориле.