Кафе муабет

Се жени Мустафа Сандал: Закажана гламурозна свадба од 200.000 евра, во јавноста протече уникатната покана- вакво нешто немате видено

Потрошил цело богатство...

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ повторно ќе застане на „лудиот камен“.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Мустафа Сандал ќе го каже судбоносното „да“ на речиси две децении помладата Мелис Сутсуруп, и тоа двапати – прво во вечниот Рим, а потоа и во турското летувалиште Мармарис.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Избраните гости веќе добиваат покани а како што се претпоставува нивниот број е околу осумдесет. Граѓанската венчавка е закажана за 3 јуни во турската амбасада во италијанската престолнина, по што ќе следи гала прослава која треба да трае од 10 до 12 јуни во одморалиштето Д Марис на брегот на Егејското Море.

Интересно е што поканата содржи и кратка снимка од амбиентот на луксузниот хотел, а во позадина се слуша песна во изведба на Мустафа.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Свадбата број два започнува во петок на 10 јуни со „грчка вечер“. Следниот ден двојката ќе ги повтори заветите пред гостите, а потоа ќе започне бескрајната забава, која според блиски извори ќе се пресели на плажа. Церемонијата завршува во недела.

Фото Инстаграм/Мустафа Сандал

Според турските медиуми, Сандал за овој важен настан издвоил околу 200.000 евра.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп
Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп
Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Не се штедеше ниту кога се ожени со Емина. Иако имале помалку гости, тој во тоа време потрошил цело богатство.

Фото Инстаграм/Мустафа Сандал
фото инстаграм/Мустафа Сандал
Фото Инстаграм/Мустафа Сандал

Емина, која имаше проблеми со поранешниот сопруг за плаќање алиментација за синовите Јаман и Јавуз, одамна емотивно стави точка на врската со Мустафа, па веста за неговиот брак не ја погодила.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Но медиумите пишуваат дека алиментацијата која им ја должи на синовите се уште е неисплатена, поради што не и е сеедено.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Додека тој настојува емотивно да биде исполнет, таа даде се од себе да блесне на деловен план, а се радува на бројните успеси кои и ги носат новите календарски години.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

За потсетување, за време на бракот Емина и Мустафа живееа заедно во Турција, па и ова судење се одржало во Истанбул. Мустафа наводно морал да и плати на Емина околу 1.700 евра за нејзините трошоци и уште 1.130 евра за нејзините синови.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Пред една година во домашните медиуми се пишуваше дека Мустафа не ја извршувал оваа должност цели 26 месеци, а на Емина и должи 73.000 евра. Но, судот во март ја одби тужбата за алиментација на Емина Јаховиќ, бидејќи се покажа дека Мустафа сепак плаќал алиментација.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Поранешниот сопруг на пејачката на суд докажал дека и платил 1,8 милиони турски лири, што изнесува околу 115.000 евра, а неговото барање да се одбие барањето за „задоцнети плаќања за деца“ е прифатено.

Успеал да докаже дека на поранешната сопруга и платил повеќе од 900.000 лири, за кои има и банкарски сметки. Дополнително, судот прифати двегодишната кирија за вилата во која живеат Емина и нејзините синови да изнесува дополнителни 900.000 лири, а паѓа на товар на Мустафа.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close