Дом и семејство
Здравко Чолиќ откри која му е неостварената желба- прозборе и за разголените фотографии на ќерката Уна, еве што кажа
Слаб е на своите ќерки...
Здравко Чолиќ минатиот викенд настапи во Копривница во преполната спортско училишна сала Јосип Самарзија Бепо. Откри што е ново во неговиот живот, а зборуваше и за некои теми од приватниот живот.
– Ако сега имав 30-40 проценти од амбицијата што ја имав во младоста, ќе ми немаше крај. Но, сега навистина не ми треба толку многу, сега сме постари, денес се е поразлично изјави Здравко Чолиќ.
Што се однесува до работата, тој е многу дисциплиниран. Вежба, сака спорт, движење, вели, дека секогаш е позитивен, а откри дека неостварена желба му е сингл на светските топ листи.
– Би сакал да поживеам за да видам што ќе се случи. Животот не те мази, те турка во разни спротивности од кои треба да излезеш, а ридот од спротивности раѓа квалитет, искрен е пејачот.
Што се однесува до приватниот живот, тој отсекогаш бил во сенка но сега работите малку се менуваат, ќерките Уна и Лара пораснаа, се повеќе ги има на социјалните мрежи, особено Уна е многу активна на Инстаграм.
– Уна го сака тоа, друштвена е, комуникативна и веројатно и значи, за разлика од мене. Сите имавме свои фантазии во тие години, а сега таа ера на технологија е нешто што им одговара, па не се мешам, призна тој. Тој вели дека го прифаќа тоа.
„Сите татковци се слаби на својата ќерка, па така и јас“, рече тој.
Постарата ќерка на познатиот пејач моментално е една од најпознатите девојки на Инстаграм од овие простори. Што и да објави, предизвикува големо внимание, а медиумите тоа постојано го пренесуваат.
Таа им е инспирација на многу девојки од нејзината генерација, а нејзините модни комбинации постојано се коментираат.
Имено таа не ретко објавува скокотливи фотки, а нејзиниот татко за ова нејзино „хоби“ во една пригода ќе изјави:
„Најверојатно нема да се занимава со јавна работа, студира нешто што утре би можело да и се најде околу некој бизнис. Мислам дека не е во тој јавен свет. На сите млади девојки им годи малку да се фотографираат така., без разлика што во суштина тие не се такви“, изјави Чолиќ.
За потсетување, Чолиќ повеќе од три децении сака само една жена. Тој се ожени со Александра во 2001 година и уживаат во семејната идила заедно со нивните две ќерки Уна и Лара.
Го следи на секој чекор, иако ретко се случува да се појави во јавност.
– Секој човек сака да се грижат за него. Мислам дека тоа беше од клучно значење. Одамна се сретнавме во Макарска, Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, со текот на времето почнавме да се забавуваме. Таа ме победи со едноставност и приврзаност. Таа ми е посветена, мисли за мене, таа се грижи, таа е чесна и скромна, изјави Чола.
Здравко неодамна зборуваше за своите ќерки, и призна дека тој е во домот кој ги разгалкува ќерките, а Александра е таа која е строга.
„Жена ми е најчесто лута на мене што сум благ со моите ќерки. Таа не може да разбере дека сум толку мек кон нив и дека не можам да им кажам не, а таа е претежно строга и сака да има дисциплина“, рече Чолиќ во шоуто „Ексклузив“.
Но исто така откри и како успеала од толку жени, Александра да го освои.
-Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше клучно. Се запознавме многу одамна во Макарска. Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, а потоа и да се забавуваме. Таа ме освои со својата едноставност и приврзаност, целосно ми се посвети со нејзината грижа и внимание, изјави Чола за запознавањето со сопругата.
-Еден човек некако препознава личност со која сака да го сподели животот. Личност со која без збор да си кажете – се разбирате што мислите и што чувствувате.
Доколку го нема тоа, може да биде и најубавата и најпаметна жена, а вие едвај да чекате да ја напуштите. Виша сила одредува зошто некои луѓе се заедно, а други не се, додаде Чолиќ.